Дали холандската кралица Максима го исмева Трамп додека стои до него- снимката е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Дали холандската кралица Максима го исмева Трамп додека стои до него- снимката е хит (ВИДЕО)

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, му се потсмева на американскиот претседател Доналд Трамп, а сето тоа додека стои до него!

Дали холандската кралица Максима го исмева Трамп додека стои до него- снимката е хит (ВИДЕО)

Трамп пристигна во Холандија во вторник на самитот на НАТО, каде што прво присуствуваше на свечена вечера, а во среда наутро појадуваше со кралскиот пар, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима, пренесе Унилед.

Видео што кружи на интернет ги прикажува тројцата како позираат пред камерите. Додека Трамп го покажува својот препознатлив „палец нагоре“, кралот му се приближува, додека кралицата малку се повлекува настрана.

Трамп и кралот разменија неколку зборови и се смееја, додека кралицата Максима тивко стоеше до нив со насмевка на лицето.

„Тоа е фотографијата што ја сакаме“, рече Трамп, на што кралот одговори: „Се надевам дека добро спиевте!“

„Беше одлично, куќата е...“ почна Трамп, повторно насмевнувајќи се и заблагодарувајќи им се. Токму тогаш, камерата сними момент каде што кралицата Максима се чини дека го имитира начинот на кој Трамп ги движи усните додека зборува, со израз на лицето за кој многумина мислеа дека е саркастичен.

YouTube video

Ова видео веднаш почна да се шири како „огнен елемент“, а имаше бројни коментари.

„Колку повеќе ја гледам кралицата Максима како го исмева Трамп, толку посмешно ми е“, „Никогаш не сум бил обожавател на воздржана монархија, но кралицата Максима е закон! Таа се однесува кон него како кон бебе“, „Кралицата Максима! Ја обожавам“, „Кралицата држи дистанца. Се чини дека точно пресметала колку далеку може да се оддалечи од Трамп, а сепак да биде во кадарот“, гласеа некои од коментарите на оние кои беа воодушевени од реакцијата на кралицата.

Сепак, не сите ја „славеа кралицата“ и многумина го осудија нејзиното однесување.

„Колку ниско мора да се спуштите за да бидете „Кралица на непостоечкиот холандски народ“... Одвратно до срж“, „Ужасно. Гадно“, „Каква „Кралица“ е ова“, беа коментарите од другата страна.

Никој сè уште не се јавил ниту од кралската резиденција ниту од Белата куќа за да го коментира овој инцидент од резиденцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер