Дали Џафери ќе закаже пленарна седница за имунитетот на Вељаноски?

Се уште не се знае дали претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика пленарна седница на која ќе се гласа за или против одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април. 

Преседан. Ова е прваат реакција на претседателот на собраниеот Талат Џафери по синоќешниот исход на комисијата на мандатно - имунитетни прашања, која не донесе одлука дали да побара или не гласање за пратеничкиот имунитет на трајко вељановски. Претседавачот на Комисијата Павле Богоевски не сака да прејудицира дали Џафери ќе ја закаже седницата, но рече дека верува дека до полноќ претседателот на Собранието ќе ја ќе донесе одлука дали да закаже седница.

“ Мислењето на комисијата не е услов да се закаже седницата. Единствено што е услов е Комисијата ад расправа со мнозиноство од членовите да гласа по барањето и извештајот да го проследи до претседателот на Собрението, тоа е предвидено член 54 став 1 од Деловникот. Таму вели отакко Комисијата ќе му испрати извештај, а не мислење на претсеадтелот од Собранието тој е должен најдоцна во рок од три дена од моментот од примање на барањето што е до полноќ да закаже пленарна седница каде пратениците ќе одлучуваат по барањето , а не по мислењето, не по извештајот, значи работата е многу јасна. “

Богоевски истакна дека во Комисијата за деловчнички и мандатно имунитетни прашања досега немало случај на изедначено гласање, но вели дека во другите матични тела имало вакви примери , но тоа не било пречка актот по кој се расправало или законот да биде проследен на пленарна седница.

Портпаролот на СДСМ Костадинов вели дека има основ да се закаже пленарна седница, затоа што барањето да се симне имунитетот на Вељаноски доаѓа од Судот.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Вељаноски е еден од осомничените за организација на упадот во Собранието на 27ми април 2017та во истрагата на Обвинителството за организиран криминал.

МТСП: Неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува .

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Министерство за труд и социјална политика

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА.

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија.

Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

притисни ентер