Дали членовите на Судскиот совет може да одговораат за злоупотреба на службената положба?

Дали членовите на Судскиот совет што гласаа за разрешнување на претседателката Весна Дамева ќе се соочат со кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластувањата?  

Дали е запазена законската процедура и испочитуван деловникот при разрешувањето на Весна Дамева од позицијата претседател на Судскиот Совет се уште е неизвесно кој ќе утврдува. Академикот за кривично право Владо Камбовски смета дека тоа треба да биде скопското обвинителство, кое треба итно да ги побара записниците од седницата во средата и да провери дали дали има злоупотреба на службената положба и овластувањата на членовите... Во меѓувреме според Камбовски законот за Судски совет треба да претрпи сериозни измени и да добие одредби за одговорноста на членовите на советот.

„Дека не постои во законот нешто поконкретно, единствено тело кое никому не одговара според законот, тоа не значи дека не постојат и други правни норми што се однесуваат на вакви ситуации. И поради тоа е добро, како што предложив Јавниот обвинител да ги погледне сите овие материјали околу случувањата во Судскиот совет за да утврди дали постои една повреда на една забрана за законито постапување на било кое службено лице. Дали тој државен орган ја остварува својата функција, дали постои злоупотреба на службената должност.

Од скопското обвинителство за Канал 5 велат дека ги следат случувањата во Судскиот совет, но предмет велат евентуално би се отворил откако одлуките формално би биле објавени во Службеник весник...

„Дејствијата на кривичното дело злоупотреба на службената положба имаат соодветна последица која би била исполнета со објава на одлуката во Службен весник. Дури потоа обвинителството може да отвори предмет и да ги провери дејствијата на инволвираните и законитоста на таквата одлука.

Дамева беше разрешена со седум гласа, без притоа да се најде како точка на дневен ред што стручната јавност го оцени како незаконски. Заменик – претседатело на советот Селим Адеми кој го презеде тогаш водењето на седницата и во присуство на Дамева бараше да се гласа за нејзино разрешување, закажа седницата за избор на нов претседател за следниот ден но ја одложи за на 2 мај, откако според информациите во јавноста, не било обезбедено мнозинство да се избере судијата од Штип Сашко Георгиев. Но, екепсрите по управно право имаат дилеми дали воопшто такавата одлука би била законска и валидна..

„Одлуката за избор на новиот претседател се објавува во Службен весник. Тој како државен орган не смее да објави незаконита одлука. Второ, ако навистина се изврши избор на нов претседател, којшто е нелегален, нелегитимен и незаконски, кога тој ќе депонира потпис во Централен Регистар, регистарот не смее да го прифати бидејќи Централен Регистар е задолжен да води сметка за законитоста на одлуките кои доаѓаат кај него.

Освен бројните негативни реакции во домашната за јавност, вчера и евроамбасадорот Дејвид Гир изрази загриженост за случувањата во Судскиот совет. Според него, последните случувања во македонското правосудство не одат во насока на исполнување на стандардите што ги очекува Европската Унија од земјава на нејзиниот пат кон ЕУ..

Младите и пчеларството во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата

Светскиот ден на пчелата - 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. 

Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба.

Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска подршка од Амбасадата на Република Словенија и со поддршка од општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, заедно со децата од градинките на територија на општината и студентите од факултетот.

- „Младите ангажирани во заштита на пчелите“ ја истакнува важноста од вклучување на младите во активности за промовирање на пчелите и пчеларството, и воопшто, во зачувување на опрашувачите, препознавајќи ги како идни чувари на нашата животна средина. Истовремено, ја нагласува глобалната потреба од соработка за ангажирање на младите во заштитата на овие инсекти од витално значење. Со тоа ја штитиме безбедноста на храната и овозможуваме стабилен земјоделскиот сектор и се бориме за зачувување на биолошката разновидност, се вели во соопштението од АДРА Македонија.

Предвидена е богата програма во која акцент е ставен на учеството на младите, ќе биде проверено нивното знаење за пчелите и пчелните производи, ќе биде одржана ликовна колонија на теми посветени на пчелите, ќе бидат засадени медоносни растенија во „Паркот на пчелата“. Ќе бидат поставени богати штандови со пчелни производи, сѐ со цел пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Меѓународниот ден на пчелата се слави на 20 мај, роденденот на Словенецот Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773). Предлогот на Словенија за воведување на Меѓународен ден на пчелата бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година.

Со одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, АДРА Македонија со своите партнери се приклучуваат кон кампањата за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), која здружението Македонска пчела (MacBee) ја започна пред неколку години под слоганот „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. /МИА

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

 Владата на САД ги предупреди американските државјани да бидат внимателни поради евентуални терористички напади врз претставниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.

- Поради потенцијалниот ризик од терористички напади, демонстрации или акти на насилство против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги предупредува своите граѓани во странство да покажат зголемена будност, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека постои потенцијален ризик од насилство врз ЛГБТ заедницата инспирирано од странски терористички организации.

- Американските граѓани треба да бидат внимателни за време на маршевите на ЛГБТ заедницата, наведува Стејт департманот./МИА

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

притисни ентер