Дали често ви отекуваат зглобовите на рацете и нозете? - Канал 5

Дали често ви отекуваат зглобовите на рацете и нозете?

 Ова може да биде знак дека внесувате премногу сол во вашиот организам, а како последица може да се појави опасна и смртоносна болест! 

Дали често ви отекуваат зглобовите на рацете и нозете?

Повеќето луѓе не знаат дека вишокот натриум го внесуваме и преку лебот.

Многу нутриционисти честопати нагласуваат дека треба да го слушате вашето тело. Желбата за одредена храна може да укажува на тоа дека на нашето тело му недостасуваат одредени минерали. Иако внесот на сол е исклучително важен за правилно функционирање на организмот, важно е да се има мерка и да се најде рамнотежа бидејќи секое претерување како со солена, така и со слатка храна може да му наштети на нашето здравје.

Експертите секојдневно предупредуваат дека претерано солената храна може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок. Постојат бројни знаци кои укажуваат дека можеби внесувате премногу сол.

Еден од симптомите е отекување на рацете и нозете. Ако водата подолго време се задржува во нашето тело, тоа може да доведе до едеми, или отекување на стапалата, зглобовите и нозете. Отокот обично поминува сам по себе, но ако не помине по неколку дена, тоа може да биде знак за сериозно заболување, велат од британската Национална здравствена служба(NHS), а пренесува Sun.

- Кога се консумира премногу сол, телото го задржува вишокот натриум и ја зголемува количината на течност надвор од клетките. Тоа доведува до намалена функција на бубрезите, исфрлање на помалку вода, што може да резултира со зголемување на крвниот притисок – истакнува Оливија Бурли, нутриционист во британската Национална здравствена служба во програмата за превенција од дијабетес.

За висок крвен притисок или хипертензија се сметаат вредности на притисокот од 140/90 mmHg и повеќе. Оваа состојба може да предизвика голем број други здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар, болести на бубрезите, аневризма и деменција.

Како што предупредуваат лекарите, секој трет Британец има проблем со висок крвен притисок. Годишно се регистрираат околу 75.000 смртни случаи како резултат на хипертензија. Солта е најголем виновник за висок крвен притисок и експертите напоменуваат дека возрасните не треба да консумираат повеќе од 6 g сол дневно, но истражувањата покажуваат дека најчесто ја надминуваат оваа граница.

Иако на многумина им се чини дека можат да го контролираат внесувањето на оваа намирница така што ќе користат ограничена количина, повеќето луѓе не знаат дека солта ја внесуваме и преку готовата храна како лебот и сосовите. Експертите напоменуваат дека ова може да предизвика отекување на рацете само еден ден по внесувањето на висока содржина на сол. Доколку отокот не исчезне по неколку дена, стручните лица советуваат да се обратите на лекар.

Британскиот национална здравствена служба предупредува дека треба веднаш да го посетите вашиот општ лекар и да побарате итен преглед доколку имате оток на еден зглоб, стапало или нога, а немате очигледна причина, како повреда. Доколку отокот е силен, болен, црвен и топол на допир, неопходно е да се побара стручна помош. Ова особено се однесува на дијабетичарите, но и на оние кои имаат некаква инфекција, која резултира со покачена телесна температура.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓани

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста.

„СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.

Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.

Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листа

Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.

Канал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листа

Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд.

Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него.

„Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!

Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата,  должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.

Блокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!

Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана.

Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација.

Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата.

Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари.

Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена.

Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација.

Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година.

Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден.

Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември.

Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители.

Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката.

Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер