Дали би се осмелиле? - Канал 5

Дали би се осмелиле?

Ова се веројатно некои од најхрабрите туристи и авантуристи во светот.

Дали би се осмелиле?
Велосипедската патека во Ирска над Атлантскиот океан е една од најопасните во светот!

No thanks: Most of us could think of better things to do that mount a bicycle and teeter along the edge of this perilous landform

Многумина би помислиле дека имаат поумна работа отколку да возат велосипед на ивица над океанот!


Овие луѓе нашле предизвик во искачувањето по 750 години старото секвоја дрво во Калифорнија! Барем носат шлемови!



Wood you? Two climbers clamber up a breathtaking 750-year-old sequoia tree in California - and at least in this case they're wearing helmets

И уште еден храбар спортист. Поекстремно од ова тешко може да биде!

One wrong move and it's a long way down for this snowboarder

За ваков поглед кон планините во Сиера Невада треба да се има храброст!


But how? This brazen human appears to have no climbing gear and has seemingly shuffled his way to this spot for what is at least a highly rewarding view of California’s Sierra Nevada mountains


Францускиот планинар Гастон Ребуфат во 1944 година се искачи на овој врв - којзнае дали некој по него успеал да го стори истото!


Famed French mountaineer Gaston Rébuffat pictured in France in 1944 atop a very pointy peak


И уште оваа куќичка во планинските височини во Швајцарија - да има каде да се засолнат авантуристите кога ќе претераат со авантурите, или ќе се загубат!



Isolated: The Solvay Hut in Switzerland sits more than 13,000ft up  Matterhorn mountain and serves as an emergency refuge for adventurers who get into trouble


/извор: Дејли меил








Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот.

Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката.

Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите.

Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата.

Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување.

„Тоа беше неверојатна ноќ“ .

Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“.

Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна.

Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата.

Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс.

Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер