Далај Лама потврди дека по неговата смрт ќе биде назначен наследник - Канал 5

Далај Лама потврди дека по неговата смрт ќе биде назначен наследник

Духовниот водач на тибетските будисти, Далај Лама, потврди дека неговиот наследник ќе биде именуван по неговата смрт, отфрлајќи ги шпекулациите дека 600-годишната институција ќе исчезне со неговото заминување.

Далај Лама потврди дека по неговата смрт ќе биде назначен наследник

-Потврдувам дека институцијата ќе продолжи, рече Далај Лама во видео порака, објавена на почетокот на состанокот на религиозните лидери во Дарамшала, каде што моментално се одржува настанот.

Далај Лама додаде дека неговиот кабинет, во соработка со раководителите на тибетските будистички училишта и други религиозни лидери, ќе бара и ќе признава наследник во согласност со традицијата.

Тој исто така нагласи дека „никој друг нема право да се меша во овој процес“.

Далај Лама избега во Индија во 1959 година и формираше влада во егзил во Дарамшала.

Иако Далај Лама претходно изјави дека неговиот наследник може да биде жена или дека можеби нема да има наследник, во последните месеци тој повтори дека меѓу Тибеќаните во егзил постои поддршка за продолжување на институцијата и дека неговиот кабинет ќе избере наследник.

Тој претходно изјави дека неговиот наследник ќе биде роден надвор од Кина, што го налути Пекинг.

Објавата дојде пред прославите по повод 90-тиот роденден на Далај Лама, кои се слават овие денови според тибетскиот календар, и на кои се очекува да присуствуваат повеќе од 7.000 функционери, вклучувајќи ги индиските министри и холивудскиот актер Ричард Гир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра

Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“ пронајдени околу 230.000 евра

На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик.

Имено, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра.

Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава

Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

На осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари.

Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе.

Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден.

Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани.

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер