Дадо Топиќ се прости од својата „принцеза“- погребана е Слаѓана Милошевиќ - Канал 5

Дадо Топиќ се прости од својата „принцеза“- погребана е Слаѓана Милошевиќ

На 26 март почина југословенската ѕвезда Слаѓана Милошевиќ, а денеска, 8 април, е погребана на белградските гробишта Лешче.

Дадо Топиќ се прости од својата „принцеза“- погребана е Слаѓана Милошевиќ

Имено, погребот се одржа во 15 часот, а местото каде што е погребана е токму нејзината последна желба, објави српски Телеграф.

Меѓу првите пред капелата пристигна легендарниот Дадо Топиќ со кого Слаѓана го сними безвременскиот хит.

Пејачот, видно натажен е снимен пред капелата, со наочари на лицето и во црн костум. Горан Милошевиќ, братот на починатиот пејач, прими сочувство во капелата.

Инаку, по ненадејната смрт на Слаѓана, Топиќ зборуваше дека има убави спомени со својата колешка.

„Слаѓана беше мој пријател, мој голем пријател. Имав среќа да ги имам тие прекрасни моменти од тие победи и освоени трофеи на музички настани, што ги доживеавме заедно. Беше добро време, тоа се убави спомени, сетете се на Слаѓана како голема, драга личност, голема пријателка која ми беше искрен пријател во сѐ во животот, во моментите што ги славевме заедно. Се случи што е можно во дует, како Слаѓана и Дадо. Едно време беше и нема да се повтори“, рече Дадо.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година. Зад себе има долга и успешна кариера.

Таа важеше за икона на новиот бран од осумдесетите во Југославија. Покажала интерес за музика уште во детството.

Таа придонела за модерната музика веќе на дванаесет години, свирејќи и пеејќи во групи како Небеска ковница, Епитаф8, Господа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026

На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.

Од Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026

На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот.

Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура.

Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим.

Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје.

Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион.

Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини.

Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни.

Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето.

Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди.

Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот.

Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен.

Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје.

Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд.

Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци.

Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ.

Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион.

„Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек.

„Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра.

Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер