Да се подготвиме навреме: Изгубете 4 кг за 7 дена со помош на есенска диета - Канал 5

Да се подготвиме навреме: Изгубете 4 кг за 7 дена со помош на есенска диета

Од есенските намирници може да се направи мени од кое можете да си обезбедите доволно хранливи материи да не бидете гладни, а притоа, да слабеете.

Да се подготвиме навреме: Изгубете 4 кг за 7 дена со помош на есенска диета

Тикви, брокули, пиперки, домати, зелка, кељ и прокељ, сите тие се идеални за диета.Предлог еднонеделно мени за слабеење:

Прв ден

Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка

Ужина: Круша

Ручек: Супа од тикви, две парчиња леб намачкан со лук

Ужина: Јаболко

Вечера: Печено пилешко, 150g брокули и карфиол прелиени со две лажици маслиново масло, чинија салата

Втор ден

Појадок: Парче пченкарен леб, сирење со малку маснотии, свежа пиперка

Ужина: Круша

Ручек: 250g шпагети со модар патлиџан и домати

Ужина: 150g грозје

Вечера: Две варени или печени пченки, шолја млеко со мал број на масти

Трет ден

Појадок: 40g житарици, шолја јогурт, банана, лажица мед

Ужина: Калинка

Ручек: 250g печурки, 150g пире од компири, зелка салата

Ужина: Печени костени

Вечера: Варен грашок и зелка, парче леб

Четврти ден

Појадок: Парче пченкарен леб, мисиркина салама, свежи пиперки и малку кајмак

Ужина: 150g овошен јогурт

Ручек: 80g грашок, варен интегрален ориз и вегетаријански плескавици од печурки

Ужина: Јаболко

Вечера: Пастрмка печена во рерна и компир салата

Петти ден

Појадок: 100g проја и шолја јогурт

Ужина: 30g ореви

Ручек: Туна сендвич и салата

Ужина: Јаболко

Вечера: 2 јајца, 250g пиперки, парче интегрален леб

Шести ден

Појадок: Парче интегрален леб, малку путер, малку мармалад по желба, шолја свежо цеден овошен сок

Ужина: Круша

Ручек: 100g варено телешко месо, салата по желба

Ужина: Две мандарини

Вечера: Зеленчук по желба, печен во рерна, парче интегрален леб

Седми ден

Појадок: Парче интегрален леб, паштета од зеленчук, шолја природен свежо цеден сок

Ужина: 150g грозје

Ручек: Пилешка супа, 150g пилешко месо, 100g варен компир, две лажици ајвар

Ужина: Јаболко

Вечера: Парче леб со 30g сирење, пипер и лук по желба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на првиот ден од разговорите во Абу Даби, Украина, САД и Русија разговарале за хуманитарни мерки, размена на воени заробеници, безбедносни гаранции и деескалација на конфликтот.

Се огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори

Украинскиот шеф на државата го објави ова на социјалната мрежа X, пренесува Укринформ.

„Нашиот преговарачки тим ме информираше за резултатите. Денес беше првиот ден од состаноците во Абу Даби. Прво, одржавме разговори со нашите европски и американски партнери, по што следеше трилатерален состанок на делегации од Украина, САД и Русија. Благодарен сум на сите партнери на Украина за нивната поддршка“, напиша Зеленски.

Зеленски ги опиша трилатералните разговори како „конструктивни и доста суштински“.

„Успеавме да разговараме за потребата од хуманитарни мерки и нивната можна рамка. Ослободувањето на воените заробеници е приоритет. Детално разговаравме за суштината на безбедносните гаранции за Украина и за темелите за обезбедување на нивната долгорочна ефикасност. Потребни ни се реални механизми што ќе спречат повторување на војната. Разговаравме и за потребата од мерки за деескалација“, рече тој.

Украинскиот претседател рече дека ѝ дал на делегацијата јасни инструкции за продолжување на преговорите, како за време на трилатералниот состанок на 11 ноември, така и во последователните разговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери во наредните денови.

„Главната цел е да се приближи мирот, а Украина ќе го даде својот придонес преку продуктивна, темелна и искрена работа. Им се заблагодарувам на американската страна за организирање на овие разговори, како и на Обединетите Арапски Емирати за обезбедувањето сигурно место за преговори“, додаде Зеленски.

Како што претходно објави Укринформ, САД ќе посредуваат во разговорите на работно ниво меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, претседателот Зеленски разговараше со претставниците на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“

Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Мицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“

Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, настан посветен на препознавањето на успешните компании, претприемачкиот дух и придонесот на бизнис-заедницата во развојот на македонската економија.

Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари. Во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој.

Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија.

Затоа што силна економија значи силна Македонија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)

Американски војник е уапсен во Велика Британија под сомнение за помагање на странска разузнавачка служба, за кој се верува дека е Русија.

Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)

41-годишен маж денеска е уапсен во близина на Глостер под сомнение за сторени кривични дела според Законот за национална безбедност од 2023 година, објави Скај њуз.

Тој е осомничен за кривични дела според член 1 од законот, кој се однесува на добивање или откривање класифицирани информации, и член 3, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба.

Како дел од истрагата што ја води британската полиција за борба против тероризмот, полицајците вршат претреси на две локации во Глостершир, соопшти лондонската метрополитенска полиција.

Полицијата потврди дека обвиненијата се однесуваат на Русија.

Мажот останува во притвор во полициска станица во Лондон. Истрагата ја водат членови на одделот за борба против тероризмот на лондонската полиција, а проверките се во тек.

Заменик-помошникот комесар Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот во полицијата, изјави за Скај њуз дека апсењето е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти.

„Ова значајно апсење и истрага е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти. Обвинувањата се сериозни и нашата истрага е во тек. Оваа акција ја покажува силата на партнерството меѓу британските и американските безбедносни и агенции за спроведување на законот. Би сакал да ја пофалам работата на сите вклучени тимови. Заедно ќе преземеме решителни мерки против секој за кого се сомневаме дека е вклучен во криминална активност што би можела да ја загрози нашата национална безбедност“, рече Еванс.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, рече дека случајот вклучува обвинувања за шпионажа, што претставува исклучително сериозна закана за САД и нивните сојузници.

„Истрагата е сè уште во тек, но сакам да испратам јасна порака - ФБИ има нулта толеранција за секој што ја прекршува својата заклетва кон САД и чии постапки ја загрозуваат нашата национална безбедност и безбедноста на нашите партнери“, рече Пател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер