2Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
МакедонијаД-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општинаНашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители.Драги сограѓани, мои Аеродромци, Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители. Затоа, предвидуваме целосна реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби, како и воведување комунална полиција со широки овластувања. Таа ќе биде во служба на граѓаните, со задача да обезбеди ред, чистота и безбедност во секое маало, на секоја улица. Во нашиот план предвидуваме редовно одржување на јавната хигиена и проширување на зелените површини, поставување нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад на секои 150 метри, затоа што уреденото маало значи достоинствено секојдневие. Ќе воведеме планско градење согласно со принципите на хуманото живеење, со нови спортски игралишта и зони за рекреација достапни за сите генерации. Паралелно, ќе спроведеме континуирана инспекција и мониторинг на работата на сите загадувачи, како и серија активности за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Субвенциите за алтернативни еколошки системи за греење ќе бидат дополнителен поттик секое домаќинство да стане дел од решението, а не од проблемот. Грижата за здравјето ќе ја донесеме поблиску до луѓето, бесплатни амбулантни прегледи во секоја месна заедница, мобилни ортопедски тимови за возрасните и воспоставување локален здравствен совет кој ќе координира со службата за итна медицинска помош. Аеродром мора повторно да стане место каде што се живее чисто, безбедно и достоинствено. Ова е наша заедничка задача, да се избориме за нашите деца и за генерациите што доаѓаат. д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степена. До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Тагови: Госпоѓа Бовари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтингМицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот.Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби заради скарените субвенции за земјоделите? Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување? Толку ли многу се благодарни граѓаните? Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба да чекаме децении за членство во ЕУ додека министрите во неговата влада се со бугарски пасоши? Дали поради криминалот и корупцијата и милионите украдени од криминални тендери? Рече дека нема да има предвремени избори, сега вели дека ќе има. Постојат двајца Мицковски. Едниот го менува името, другиот молчи. Едниот ќе го укинува Преспанскиот договор, другиот го фали НАТО. Едниот би одел на избори, другиот не сака. На кој од овие двајца да му се верува? М? И во Унгарија „анкетите“ контролирани од Орбан покажуваа дека тој води и дека Маџар ќе загуби, но на изборите се покажа дека тие се лажни анкети и класична манипулација. Така и кај нас со лажните анкети на Мицкоски платени 400.000 евра со пари на граѓаните. Една работа покжауваат анкетите во Македонија: Мицкоски и ВРМО многу лажат! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook