Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД
1Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД
3Ајкула од над три метри се појави во Јадранското Море, рибарите во шок: Тука пред малку пливаа луѓе (ВИДЕО)
Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
1Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
ЗдравјеД-р Патрик Сун Шионг: Никогаш не сум видел рак на панкреас кај 13 годишно дете-Совпаѓањето на турбо канцерите и спајк протеинот не е случајност, никогаш не сум видел рак на панкреас кај 13 годишно дете.Никогаш не бев видел рак на панкреас кај деца, а најмногу ме изненади кога видов 13-годишно дете со метастазиран рак на панкреасот, чие семејство ни се обрати за помош. За мене, тоа не беше само поразително, туку и ја потврди идејата дека ем гледаме поголема зачестеност на рак на панкреасот, ем го гледаме кај помладите. Во овој момент на клиника имаме 45-годишници, 50-годишници. Најтажното за ова младо момче, кога дојде кај нас, е што ги имаше исцрпено сите стандардни третмани. Беше од Батлер, Пенсилванија, и ги имаше исцрпено сите терапии на сите поголеми медицински центри. Ракот му се имаше проширено на целото тело и почина. Така што, сегашната појава на рак сега кај помладите, и тој пораст што е речиси, да не речам, една неинфективна пандемија, навистина загрижува во светски рамки, не само во САД. Но во САД сега почнуваме да го гледаме ова и навистина загрижува – вели во интервјуто со Такер Карлсон еден од наголемите светски стручњаци во областа на онкологијата, д-р Патрик Сун Шионг., човек кој од продажба на неговите изуми заработил над 10 милијарди долари и кој тврди дека го лекот за ракот – неговиот Биошилд. Во интервјуто тој продолжува: „Не знам како да ви го кажам тоа без да го кажам на глас. Ме плаши што сега веќе не станува збор за борба „вирус против човек“. Во право сте, ова е егзистенцијална битка. Кога ја спомнав најголемата неинфективна пандемија од која се плашиме, ова е токму таа. Бидејќи, иако ракот во нашата земја зачести поради токсините и сè друго, овие имунолошки нарушувања сега ни се случуваat глобално. Уште поважно, нарушениот имунолошки систем е поврзан со хроничните воспаленија, коi некогаш се асимптоматски, а некогаш не се. Има 15 милиони Американци со долготраен Ковид. И нивното губење на меморијата не е на психичка база. Нивните ненадејни срцеви удари не се на психичка база. Не е на психичка база што дури и 8-годишни и 10-годишни деца добиваат рак на дебелото црево, а 13-годишно дете добива рак на панкреас. Значи, поентата ми беше, дали постои решение?“ Докторе, благодарам што дојдовте. Се разбира. Веќе 50 години работите на лекови за рак. Кога почнавте, се чинеше западот е на пат да го елиминира ракот. Пушењето беше најмногу во фокусот: Откажете се од цигарите и зачестеноста на рак ќе се намали. Пушењето очигледно предизвикува рак и сите претежно се откажавме, но зачестеноста на рак се зголеми. Оваа мистерија ретко кога се коментира, што навистина ме мачи. Вие, иако заработивте милијарди долари од продажбата на вашите компании, сè уште се занимавате со медицински истражувања. Па кажете ни, до каде сме сега со ракот? Каква е сегашната зачестеност на рак? Тоа што мене сега ме загрижува не е само зачестеноста туку и популацијата кај која се зголемува таа зачестеност, односно помладите. Јасно гледаме зголемување на случаите на некои видови рак, како рак на панкреас, рак на јајници, рак на дебело црево – и тоа кај помладите. Само за пример, колку отсто луѓе ќе бидат живи уште 10 години по поставената дијагноза на рак на панкреас? Ужасно малку. Мислам, ако денес ви кажат дека имате рак на панкреас, нема да живеете уште 10 години. Да. Има пациенти кај кои не успеале стандардните третмани што ќе преживеат неколку месеци. Два месеци. Да. Тоа го заклучив и јас откако видов колку многу луѓе умираат од ова. Напреднатиот рак на панкреас е смртна пресуда. Кај кои луѓе го гледате сега? Ме загрижува што го гледам кај сѐ помлади луѓе, и тоа првпат во мојата кариера. Знаете, пред да си заминам од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), правев Виплови процедури. Тоа е операција за отстранување на поголемиот дел од панкреасот. Многу голема операција. Вие сте и хирург? Да, и хирург сум. А правев и трансплантации на панкреас за дијабетес тип 2, трансплантации на клетки од панкреасни островчиња и трансплантации на матични клетки. Работев на разновидни активности додека бев асистент-професор на УКЛА. Но, никогаш не бев видел рак на панкреас кај деца, а најмногу ме изненади кога видов 13-годишно дете со метастазиран рак на панкреасот, чие семејство ни се обрати за помош. За мене, тоа не беше само поразително, туку и ја потврди идејата дека ем гледаме поголема зачестеност на рак на панкреасот, ем го гледаме кај помладите. Во овој момент на клиника имаме 45-годишници, 50-годишници. Најтажното за ова младо момче, кога дојде кај нас, е што ги имаше исцрпено сите стандардни третмани. Беше од Батлер, Пенсилванија, и ги имаше исцрпено сите терапии на сите поголеми медицински центри. Ракот му се имаше проширено на целото тело и почина. Така што, сегашната појава на рак сега кај помладите, и тој пораст што е речиси, да не речам, една неинфективна пандемија, навистина загрижува во светски рамки, не само во САД. Но во САД сега почнуваме да го гледаме ова и навистина загрижува. Неинфективна пандемија на рак, проследена со смртоносни видови рак. Точно. Во текот на вашата 50-годишна работа на ова поле, колку 13-годишни пациенти со рак на панкреасот сте виделе? Ниту еден. Ниту еден? Распрашував и други луѓе, бидејќи ме мачеше зошто се случува ова токму сега. Па така, му се јавив на д-р Стивен Деј, мој добар пријател, кој следеше обука со мене на УКЛА кога бев на УКЛА, а сега е на Клиниката Анџелес. Ми рече: „Слушај, Патрик, сега гледам 8-годишно, 10-годишно, 11-годишно дете со рак на дебелото црево.“ Никогаш не сме го виделе ова. Сега гледаме 30-годишни, 40-годишни жени, млади жени со рак на јајници. Ова е вистински феномен на пораст на ракот кај младите и треба да разбереме зошто се случува. Забележувате ли разлика во силата на ракот, брзината со која се развива? Па, ме известуваат. Некои дури го нарекуваат и турбо-рак. Да, го имам слушнато тој израз. Ме известуваат дека луѓето кои биле во ремисија сега повторно добиваат рак што многу брзо напредува. Значи, ако размислите што е причината за ракот – како што кажав во едно интервју со Санџај Гупта пред многу, многу години за емисијата „60 минути“ – реков, причината за ракот е неговата неспособност, не брзината на неговиот раст туку неговата неспособност да умре. А неговата неспособност да умре е резултат на тоа што или се крие од вашите природни клетки убијци, Т-клетките, или – а ова навистина ме загрижува – вашето тело и ракот нашле начин да ги потиснат овие Т-клетки. Штом ќе се дојде до ова, штом ќе се активираат тие тн. туморски потиснувачки клетки, тогаш имате нарушен имунитет, па го гледате овој брз напредок бидејќи нема ништо што би го спречило. Што би можело да биде причината за ова? Иронично е, но на УКЛА, работев на трансплантации на панкреас каде што беше потребно да се потисне имуната реакција на пациентите. А потоа работев со случаи на рак каде што не требаше да се наруши имунитетот. Па морав да го разберам механизмот на телото. Имаме прекрасна, исклучителна рамнотежа во нашето тело на јин и јанг од клетки убијци, природни клетки убијци и Т-клетки. Чија задача е да уништат сè што му се заканува на телото. Точно, задачата им е да уништат сè што му се заканува на телото, без разлика дали е заболување како туберкулоза, ХИВ, хепатитис или КОВИД. Ваквите клетки имаат задача да ги препознаат заболените клетки и да ги уништат. Додека ние си седиме тука, во нашето тело растат матични клетки со цел да регенерираат некои делови, како срцето. Да ги немавме, ќе немавме срце уште на 14 години. Ни требаат матичните клетки. Но, има и такви што се преобразени. Вашето тело ги препознава токму преку природните клетки убијци и ги уништува. Јас ги викам „природна брза помош“. Тоа е механизмот, така сме заштитени сите во ваквата состојба на рамнотежа. Од друга страна, пак, туморот наоѓа начин да се скрие од ваквите клетки или да ги потисне – затоа се викаат потиснувачки клетки. Имаме и клетки во телото наречени регулаторни Т-клетки и миелоидни потиснувачки клетки – ова им се техничките називи – па кога ќе се зголеми нивниот број, си ја губите заштитата. Па така, прашањето е како ја разбираме оваа рамнотежа? Како да ги зголемиме клетките-убијци и како да ги намалиме потиснувачките? И како да го разоткриеме туморот? Значи, од една страна, треба да го разоткриеме туморот бидејќи се крие од клетките-убијци. Од друга страна, пак, треба да ги активираме овие клетки и да ги потиснеме потиснувачките. Значи, всушност играме партија шах. Па размислуваме како астрофизичари во потрага по Божјата честичка каде што многу молекули лебдат наоколу и разговараат едни со други во една динамична интеракција. Како да го разбереме ова? Тоа беше едно од најдобрите, а и најзабавните предавања што ги имам одржано, а имам одржано многу предавања за ова. Се обидувам да не зборувам со технички термини бидејќи ова јас го нарекувам основна имунологија. А проблемот со ракот е што го третираат онколози, а не имунолози. А имунолозите не се занимаваат со пациенти бидејќи се занимаваат со основна имунологија. А потоа кога станува збор за инфекции, имате вирусологија и сиве овие вкрстени дисциплини на вирусологија, имунологија, онкологија, сите овие -логии, не комуницираат едни со други. Значи, колку да појасниме за тие што не се експерти, како што секако не сум ни јас – сакате да кажете дека ракот, до одреден степен, е проблем со имунолошкиот систем. Целосно е поврзан со имунолошкиот систем. Во ред. Значи, во телото постојано има разни дефектни клетки кои би можеле да станат рак или веќе се рак. Постојано. Но, вашето тело ги уништува. Точно. Така. И тоа е фундаменталната рамнотежа на човечкото тело. Точно. А кога телото ќе излезе од рамнотежа, кога на клетките убијци им е нарушена функцијата или стануваат помалку ефикасни, тогаш добивате рак. Точно. Во ред. Извинете, се извинувам што ве прекинувам. Не, многу ми се допаѓа што ме прекинувате бидејќи вашето е совршено толкување, коешто јас не можев да го дадам на нетехнички начин затоа што премногу навлегувам во детали. Така што, добро е што ме прекинувате. Вие сте сепак доктор. Значи, тоа се случува во нашето тело. Ги имаме овие пертурбации, но сме во рамнотежа, ме разбирате? И, тоа е добро. Но, проблемот е кога си ја нарушуваме рамнотежата, а што е тоа што ја нарушува рамнотежата? Тоа е, знаете кога Боби Кенеди зборува и се залага против токсините во нашата храна, токсините во ПФАС, преработената храна и вирусните инфекции, всушност тоа што ни ја нарушува рамнотежата се воспаленијата. Ако имате воспаление во телото, сега повторно ќе навлезам во детали, се активираат клетки наречени неутрофили кои всушност ја забележуваат инфекцијата и се обидуваат да ја уништат. Тоа и го прават. Но, ако има постојано воспаление, овие неутрофили всушност стануваат клетки со нарушена функција. Луѓето не го сфаќаат дека во нашето тело има јин-јанг, секоја клетка има контраклетка. Тоа сакав да го кажам. Реков дека најинтересниот разговор што сум го имал е кога ме поканија едни астрофизичари или физичари да одржам предавање, и го нареков овој концепт за рак квантна теорија, како физичар. Во нашето тело има клетки што можат да бидат во две состојби. Може да бидат клетки убијци или потиснувачки клетки. Како што мачката на Шредингер може да биде и жива и мртва, во зависност од тоа што правите со неа. Затоа ова го нареков квантна онкотерапевтика, само за да бидам контроверзен, за лекарите да можат да разберат за што зборувам. Треба да го разбереме фактот дека има Т-клетки убијци и има потиснувачки клетки. Има М1 макрофаги кои всушност се борат, но и М2 макрофаги што го блокираат тоа. Има NK клетки кои убиваат и NK клетки кои инхибираат. И таа рамнотежа ни треба, оти во спротивно ќе дојде до автоимуна болест. Но, постои нешто што се нарекува квантна испреплетеност, дали оваа мачка е жива или мртва? Ако некој влијае на тоа... А лицето што влијае на тоа е докторот. Значи, вие како доктор би можеле да ги активирате само клетките што се ефикасни, а да ги потиснете потиснувачките клетки и да ја промените динамиката кон лекот. Но, тоа е многу комплексно бидејќи сега е квантно, бидејќи сите тие промени се случуваат за неколку минути во вашето тело. Овие молекули се како Божјата честичка, кога се судираат едни со други, а клетките се судираат и комуницираат, тоа се случува за неколку минути. Значи, треба да имате теорија за тоа како да влијаете на тоа ниво. Притоа, првото нешто што треба да го разберете е како се јавува ракот, а потоа, како расте? Како да го запрете? Идејата за вакцина, вакцина против рак, дали го зрачите тој рак? Дали го отстранувате тој рак? Дали ги отстранувате лимфните јазли? Дали давате хемотерапија? И колку и да звучи нелогично, во текот на последниве 50 години, сфатив дека сè што правиме е, да не речам, „погрешно“ – бидејќи тоа би било лоша, пејоративна изјава. Подобро е да се каже дека сè што правиме е во корист на потиснувачките клетки. Ги активираме потиснувачките клетки. Не ги активираме клетките убијци. И можеме уште многу да зборуваме за да го објаснам тоа. Но, клучниот систем, како што кажавте, е дека ракот е целосно поврзан со имунолошкиот систем. Односно, ако го активирате системот за потиснување на имунитетот, добивате повеќе рак. Значи, основниот причинител е тоа што го нарушува имунолошкиот систем. А тоа е воспалението. Нешто го нарушува имунолошкиот систем на луѓето, вклучително и на кутрото 13-годишно момче што починало од рак на панкреас. И прашањето е, што е тоа? Можеби има многу причини, но ние не сме првите луѓе што забележуваат дека има пораст на страшни видови на рак кај популации кај кои претходно немало такви видови на рак. Тоа е многу очигледно. И многу луѓе посочуваат и на КОВИД, на вирусот и на мРНА вакцините против КОВИД како потенцијални причини. Дали мислите дека се поврзани? Најдобриот начин да одговорам на тоа е да се осврнам на историјата. Добро ни е познато дека вирусите можат да предизвикаат рак. Знаеме дека ако имате хепатитис, добивате рак на црниот дроб. Хепатитисот е вирусна инфекција. Знаеме дека ако имате хуман папилома вирус, ХПВ, добивате рак на грлото на матката. И некои видови рак на грлото се предизвикани од вируси, нели? Точно. Ако имате ХИВ, добивате Капошиев сарком. Ги нарекуваме онкогени вируси, што во медицинската терминологија значи вируси што поттикнуваат карцином. А фундаменталната основа за тоа е тројна. Карактеристиките на онкогениот вирус се: Прво, тој мора да опстојува. Зошто? Бидејќи продолжува да создава воспаление. Зошто? Со воспаление, добивате нарушена функција, бидејќи телото се обидува да го потисне. Мора да го инхибира она што се нарекува p53, што е во телото за да се обиде да го заштити телото од рак. И ако опстојува и предизвикува воспаление и го инхибира p53, почнува да добива карактеристики на онкоген вирус. Тогаш прашањето е, дали КОВИД, без разлика дали доаѓа од вакцината, која е вакцина со спајк протеини, или од инфекцијата, која е предизвикана од спајк-протеини, навлегува во секоја клетка од нашето тело. Секоја клетка во телото? Навлегува секаде каде што имате ангиотензин-конвертирачки ензим-2, или АКЕ2-рецептор, којшто го има во нашите крвни садови. Значи, секаде каде што имаме крвни садови, навлегува во АКЕ2-рецепторите на крвните садови. Тоа е целта на спајк-протеинот, да навлезе, да го киднапира тој АКЕ2-рецептор и да навлезе во клетките. Затоа влегува во панкреасот. Затоа предизвикува „замаглен мозок“, оти ги нарушува крвните садови на мозокот и предизвикува митохондријална дисфункција. Во дигестивниот систем имаме многу АКЕ2-рецептори. Во панкреасот имаме AКЕ2-рецептори. Во срцето предизвикува дисфункција. Гледате колку млади луѓе одеднаш имаат срцеви удари. Гледате колку млади луѓе одеднаш имаат рак на панкреас. Гледате колку млади луѓе одеднаш имаат рак на дебело црево. Па дали е чиста случајност што по инфицирањето со КОВИД или по примањето вакцина за КОВИД ги гледаме сиве овие случаи за кои знаеме дека се поврзани со навлегувањето на спајк-протеинот? Не верувам дека е случајност. Не е случајност. Прашањето е: Можеме ли да докажеме дека, како што го нарекувам јас, „долготрајниот КОВИД вирус“ останува во телото? Една група истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, штотуку јасно го докажа ова и го објави научниот труд во Нејчр. Можеме ли да докажеме и дека – откако вирусов веќе останал во нас – дека тој КОВИД вирус ја потиснува природната клетка убиец? Дека природната клетка убиец всушност не само што заспива, туку станува тн. „анергична“ клетка? Тој научен труд веќе е објавен. Природната клетка убиец заспива. Значи, според вашата дефиниција, ја решивме мистеријата. Мислам дека е така. Сепак, чекајте малку. Милијарди луѓе, буквално милијарди луѓе имале КОВИД. Над една милијарда ја примиле вакцината со спајк-протеини. Станува збор за огромен процент од населението на Земјата. Да не пропуштив нешто? Сега сфаќате зошто сум толку загрижен. Ова не ми дава да спијам веќе две и пол години. Затоа се откажав речиси од сè само за да се фокусирам на тоа како да го исфрлиме вирусот од телото? Бидејќи решението е да го исфрлиме вирусот од телото. Од телото. Од телото. Решението е да се запре воспалението, бидејќи станува збор за хронично воспаление. Може да поставам едно глупаво прашање? Колку долго вирусот останува во човечкото тело? Досега гледаме три години, четири години… Има ли причина да веруваме дека природно ќе го снема? Не, ако имате нарушен имунолошки систем. Значи, се вртиме во круг. Прашавте што предизвикува рак? Нарушениот имунолошки систем. Во вашето тело, го имате тој природен систем којшто е нарушен од тумори, инфекции и воспаленија. А за да го исфрлите вирусот од телото, мора да најдете начин да го реактивирате тој систем. Буквално е толку едноставно. И тоа е алката што ни недостасува. Звучи како да ја опишувате најлошата можна здравствена криза во историјата. Не знам како да ви го кажам тоа без да го кажам на глас. Ме плаши што сега веќе не станува збор за борба „вирус против човек“. Во право сте, ова е егзистенцијална битка. Кога ја спомнав најголемата неинфективна пандемија од која се плашиме, ова е токму таа. Бидејќи, иако ракот во нашата земја зачести поради токсините и сè друго, овие имунолошки нарушувања сега ни се случува глобално. Уште поважно, нарушениот имунолошки систем е поврзан со хроничните воспаленија, кое некогаш се асимптоматски, а некогаш не се. Има 15 милиони Американци со долготраен КОВИД. И нивното губење на меморијата не е на психичка база. Нивните ненадејни срцеви удари не се на психичка база. Не е на психичка база што дури и 8-годишни и 10-годишни деца добиваат рак на дебелото црево, а 13-годишно дете добива рак на панкреас. Значи, поентата ми беше, дали постои решение? Па, секако се надевам. Го поминавте животот проучувајќи страшни болести. Ако Вие сте исплашени, тогаш тоа не е добар знак. Исплашен сум, но имам надеж. Мислам дека е важно што го водам овој разговор со Вас. Во ред, ќе споделам со вас еден разговор што го имав. Бев поканет од извршниот директор на Фондацијата Хенри Џексон да дојдам во Вашингтон, во октомври, ноември минатата година за време на изборната фаза, за само да разговараме за тоа што правам. И таму, тој ги донесе лидерот од Волтер Рид, од Агенцијата за биомедицински напредни истражувања и развој, Министерството за одбрана, Националните институти за здравје итн. за да се сретнат само со мене. Си реков: „Време е. Време е да и откријам на оваа учена група лидери за тоа од што се плашам.“ И три часа, без слајдови, само им зборував, стоејќи сам на бината пред нив сите во публиката. Првата реченица ми беше: „Мислам дека КОВИД е онкоген.“ Еден од членовите на публиката рече: „Глупости.“ Јас му реков: „Добро. Дозволете ми да ви го објаснам нашето истражување.“ На крајот од трите часа, тој рече: „Мора да го објавите ова. Ова е многу важно.“ И јас реков: „Да, научниот труд ни е во подготовка“, и потоа објавивме труд во кој беше направена биопсија на дебелите црева на млади луѓе пред КОВИД и по КОВИД, која покажа постојано умножување на вирусот во ткивото на дебелото црево дури и две години потоа. Умножување на вирусот на КОВИД? Умножување на вирусот на КОВИД. Асимптоматско умножување во ткивото, што значи дека има воспаление. Кога имате вакво воспаление, ваквите неутрофили сега повторно стануваат „извитоперени“, се преобразуваат од заштитен неутрофил во потиснувачки неутрофил. Се нарекува миелоидна потиснувачка клетка, тоа е нејзиното официјално име. Значи, сега имате нарушени имунолошки клетки во телото. И не е ни чудо што тоа се претвора во рак на дебелото црево. Дали сте имале КОВИД? Не. Имате среќа. Не е среќа, туку Т-клетки. Имам Т-клетка во моето тело што ме штити од нуклеарниот капсид. Од кај да најдам јас таква? Тоа истражување го одложија ФДА и Колинс и Фаучи. Не се заразивте со КОВИД затоа што вашите заштитни клетки беа силни? Не само што се заштитни клетки, ако се заразам со КОВИД, вирусот го исфрлам. Тоа е поентата, да се исфрли. Да се исфрли од телото надвор.Чекајте малку, ова е нешто што мислам дека секој може да го разбере. Мислам дека сум во добра здравствена состојба, сум во многу силна здравствена состојба. Сте имале ли Вие КОВИД? Да. Колку пати? Еднаш. Не се вакцинирав. Но, се разболев од КОВИД. Три дена ми беше многу лошо. Но, не разбирам. Повозрасен сте од мене. Како никогаш не се разболевте... Па, само, сакам да бидам многу конкретен -... како, мислам, секој на планетата доби КОВИД во одреден момент. Прво, бидејќи ги разбираме импликациите, мојата сопруга, да чукнам во дрво, исто така никогаш не доби КОВИД. Значи, ова е приказната. За жал, го поврзувам ова, тоа е болно за мене бидејќи го поврзувам со смртта на Коби. Тоа беше во времето на Коби кога тој почина. Коби Брајант, кој Ви беше близок пријател. Точно, многу близок. И на неговиот погреб, сите луѓе во просторијата, во овој, мислам ноември беше, и се свртев кон Гевин Њусом и реков: „Слушај, ова е вирус за кој сум загрижен“, бидејќи го проучував вирусов. Го разбирам ХПВ многу добро и го разбирам хепатитисот. Реков: „Ова не е респираторен вирус. Ова е опасен вирус.“ Па се вратив и ја затворив нашата организација за да всушност не проучуваме ништо друго освен КОВИД. Го собрав целиот мој тим од стотици научници на Зум, и сè друго низ целиот свет, и реков: „Мора да се бориме против овој вирус со вакцина што го исфрла вирусот.“ И единствениот начин да се исфрли вирусот е да се има она што го нарекуваме Т-клетка, NK-клетка, клетките што ги убиваат клетките на ракот. И напишав труд со Карлос Кодрон кој вели: „КОВИД е како рак, а ракот е како КОВИД“, што значи дека неговата способност да го наруши имунолошкиот систем предизвикува негово ширење. И токму нарушувањето на имунолошкиот систем од страна на вирусот КОВИД му овозможува да опстојува. Значи, единствената вакцина што е важна е вакцината со Т-клетки. Но, затоа ви кажувам, виролозите размислуваат за антитела наспроти клеточна терапија. За нив е туѓо да имаат вакцина што ги стимулира Т-клетките. Малку е чудно бидејќи за 20 минути ми објаснивте. Немам висок коефициент на интелигенција, не сум научник, но точно разбирам што зборувате. Зошто не им е очигледно на виролозите, зошто не им е тоа баш првиот час на факултет дека Т-клетките се клетките што те штитат од сите потенцијални внатрешни штети, дека тие се клучни? Затоа што секоја вакцина досега е базирана на антитела. Догма. Догма. Слепи точки. Догма. Сега разбирам за што зборувате. Догма, слепи точки, убаво кажано. Добро. Жал ми е, постојано Ве прекинувам. Не, всушност толкувате, задоволство ми е затоа што понекогаш не знам што зборувам, а важно е за публиката да ме протолкувате. Ова е она што Санџај го направи за мене во „60 минути“, беше брилијантен. Мина две години со мене, патем, правејќи едно мало 15-минутно интервју. На пример, доаѓавме во Лос Анџелес, го правевме ова преку снимање и само снимање. Сфативте дека сите се во паника поради КОВИД, нели? Но, Вашиот став беше дека се во паника од погрешни причини. И всушност, можеби не се толку во паника колку што треба, бидејќи овој вирус би можел да го отвори патот за рак, бидејќи ќе го потисне имунолошкиот систем на човечкото тело. Така е. Значи, до март 2020 година, ја имавме вакцината... март 2020 година, бидејќи изградив производствен објект со врвни стандарди за рак користејќи ја истата вакцина што Националниот институт за рак ја тестираше повторно за ХПВ и за рак на дебелото црево. Па ја создадов вакцината со која ќе го едуцираме вашето тело, пред КОВИД, за третман на рак, да ги едуцира Т-клетките да препознаат клетка на рак за да ја убијат. Тоа се нарекува вакцина против рак. Дали постои начин да се отстрани зборот вакцина и да се нарече некако поинаку? Јас ја нарекувам „биозаштита “(Bioshield). Добро, бидејќи луѓето се сега веќе исплашени од вакцини. Не е вакцина во таа општа смисла на зборот, не е вакцина базирана на антитела, туку е биозаштита на вашето тело... Всупност, сакавме да создадеме биозаштита, а биозаштитата е да го едуцира вашето тело да ги има овие Т-клетки наречени мемориски Т-клетки што се кријат во вашата коскена срцевина и излегуваат кога се потребни и ја убиваат клетката на ракот, за да не може никогаш да нанесе штета. Тоа е концептот и тој нне е непознат концепт. Го објавивме во Националниот институт за рак. Значи, до март 2020 година, ги зедов сите мои, наши ресурси. Фала му на Бога што ги имавме ресурсите. Дали ова беа ваши пари? Мои пари. Добро. Имавте неколку компании што произведуваа лекови за рак, сите беа во Ваша сопственост. Ги продадовте за 10 милијарди долари или така нешто. Но наместо да купите лозје, продолживте со вашата работа. Знаете, како што веќе кажав, не знаев ништо за акции. Па, кога беа купени двете компании, и беа купени од вистински причини, па едната компанија беше Американ фармасјутикал партнерс, и буквално произведувавме близу милион ампули дневно во САД, 150 различни баркодови за секој дел од болницата, и беа, да речеме, за хепарин. И Фрезениус рече: „Сакаме да ве купиме“. Ние рековме: „Одлично“. Потоа ја развив молекулата што го хранеше туморот што можеше да го активира имунолошкиот систем за да ги активира макрофагите наречени Абраксан, а Целџин рече: „Сакаме да ве купиме“. Јас реков: „Одлично“. И целта на мојата продажба не беше за пари, очигледно беше за пари, но целта на користењето на тие пари беше да го остварам сонот да се пронајде Божјата честичка во нашето човечко тело за да се активира нашиот имунолошки систем. Тоа беше целта на париве, и тоа го направив со парите. Потрошив околу три милијарди долари од парите. Не сум добил ниту еден долар од владата, ниту еден долар. Но заштитата ја создадов./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДевојка била масакрирана од мечка пред својот вереник- ѕверот ја извлекол од шаторот додека спиела (ФОТО)Млада девојка која наскоро требало да се омажи била извлечена од шаторот и изгмечена до смрт пред очите на нејзиниот вереник откако била нападната од разбеснета кафеава мечка.Снежана Королева, 29, била на романтично кампување со својот партнер во Алтајските Планини во Русија. Мечката го пробила нивниот шатор околу 1 часот наутро и „ја одвлекла жената што врескала“ пред да ја убие и да ја однесе преку реката Бија, објавува Дејли Меил. Нејзиното момче наводно ѝ предложило брак само еден ден пред животното да ја убие. Потоа мечката почнала да го закопува телото на девојката додека преплашените кампери очајно се обидувале да го одвлечат вниманието. Bride-to-be is dragged from tent and mauled to death by brown bear in front of her fiance https://t.co/FBRVNyglL1 — Daily Mail (@DailyMail) August 19, 2026 Дивочуварите и полицијата пукале во воздух, но не ја застрелале мечката, иако сведоците рекле дека имале можност да ја убијат. Тие се повикале на руските прописи кои забрануваат пукање во населени места, рекле сведоците. Сведок по име Алина рекол: „Пукале во воздух, но тоа не го исплашило. Не сакал да ја пушти и... ја одвлекол преку реката.“ Потоа мечката, рече таа, „почна да ја закопува без никаков страв“. „Нејзиното момче е во шок, тој штотуку ѝ предложи брак. Ужасно е“, рече Алина. Снежана, по потекло од Новосибирск и адвокатка по професија, престојувала со својот вереник во туристичкиот камп Исток во селото Артибаш, во близина на езерото Телецкое. Мештаните тврдат дека во моментов има околу 20 мечки што шетаат низ селото. Друг локален жител рече дека нејзината сестра за малку избегнала напад од истата мечка претходната ноќ. „Се најдовме лице в лице со него. Мојата сестра падна и се провлече, лежејќи на земја, во колиба. Ја спаси човек кој случајно возел автомобил. Тој ги насочи фаровите кон мечката, по што животното претрча преку патот. Дури и ја удри со својот автомобил и го вдлабна браник“, додаде таа. По нападот, во селото беше прогласена десетдневна состојба на зголемена тревога. „Во овој период, на туристите им е забрането да поставуваат шатори во шумата и покрај брегот“, се наведува во локалниот декрет. Снежана била вработена во руското Министерство за вонредни ситуации. Нејзините останки наводно биле пронајдени откако се појавиле информации дека мечката се обидувала да го закопа нејзиното тело. Мечката сè уште е на слобода, според локалните извештаи. Претставник на Здружението на ловџии и рибари од округот Мајмински изјавил дека скратената ловна сезона довела до зголемен ризик од напади од диви животни врз луѓе. „Ловната сезона е скратена на 30 дена. Поради ова, популацијата на мечки почнала да расте. Ловците едноставно не можат да ги следат сите дозволи. Ловот станува поретко, мечките се размножуваат, а има сè помалку храна. Нема доволно ореви, па мечките, кога се гладни, излегуваат во потрага по луѓе“, изјавил претставник на ловното друштво. Обвинителството на Република Алтај започна истрага за смртта на жената.Тагови: девојка мечка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДлабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)Планинските скривалишта повеќе не се резервирани за негативците од шпионските романи. Сега и вие можете да купите пристап до ултра-безбеден трезор - скриен под швајцарски планински венец, под услов да имате половина милион евра на располагање.Локалната компанија Бриниг Мега Сејф планира да ископа 25 подземни комори во варовничкиот карпа што го сочинува истоимениот планински венец. Пристап до трезорите веќе им се нуди на клиентите кои сакаат да складираат вредни уметнички дела, автомобили, вино, сефови за вредни предмети и други средства. Os gigantescos bunkers que estão sendo construídos para os super-ricos a 100 metros abaixo de uma montanha suíça, onde clientes da elite são vigiados 24 horas por dia. A empresa de segurança suíça Brünig Mega Safe está trabalhando na escavação de até 25 cavernas no calcário que… pic.twitter.com/mVCpkNM9BC — Alzira Miranda (@alziramiranda) August 18, 2026 Строга контрола на влезот Компанијата тврди дека работата во Бриниг ќе започне во јануари и дека нивото на безбедност во трезорите ќе биде споредливо со „нивото на безбедност на Швајцарската национална банка“. Претседателот на компанијата, Томас Гасер, опиша како ќе биде да се влезе во подземниот комплекс. „Прво ќе мора да поминете низ специјален контролен пункт и да излезете од вашето возило. Ќе има неколку проверки, кои очигледно нема да бидат откриени за јавноста“, рече тој. Благодарение на длабочината на која ќе бидат лоцирани - повеќе од 100 метри, коморите ќе имаат природна температура од околу 13 степени Целзиусови, што е идеално за складирање вино и уметнички дела. Сепак, компанијата не ги гледа подземните трезори само како место за складирање вредни предмети. Во свет кој се соочува со зголемена нестабилност, тензии меѓу државите и закана од климатски промени, ваквите локации претставуваат и потенцијално засолниште во случај на катастрофа. 🇨🇭 Des milliardaires fuient Dubaï pour enterrer leurs fortunes au cœur des Alpes suisses ! 🏔️ Thomas Gasser, fondateur de Brünig Mega Safe AG, creuse des galeries à 100 mètres sous terre à Lungern pour créer des coffres-forts ultra-sécurisés. 💰 Chaque caverne se vend au… pic.twitter.com/2FwNEbU4es — Alex Xplore (@AlexXplore) August 17, 2026 24-часовен пристап до трезорите Компанијата, основана од тим претприемачи од планинско инженерство, на својата веб-страница наведува дека дополнителни модули ќе овозможат проширување на трезорите кога е потребно повеќе од само заштита на средствата. Меѓу можностите се „привремени приватни засолништа“, дискретни сали за состаноци и салони со посебна атмосфера, објавува Дејли Меил. Клиентите ќе имаат пристап до трезорите 24 часа на ден преку тунел доволно голем за да минуваат камиони. Компанијата вели дека клиентите веќе потпишуваат договори за закуп на коморите за 99 години, а првите трезори треба да се отворат следната година. Покрај подземните складишта, постојат планови за основање центар за обука во областите на безбедноста, анализата на ризикот и преживувањето. Воени бункери претворени во трезори Швајцарија со децении ги користи своите Алпи за безбедно складирање. Бројни напуштени воени бункери се претворени во трезори, па дури и во центри за складирање на податоци. Во 2024 година, започна програма за модернизација на нуклеарните засолништа за да се подготват за можна војна. Според закон од 1963 година, на сите жители на земјата - вклучувајќи ги странците и бегалците - им е загарантирано место во засолниште способно да ги заштити од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, како и од „удари од блиску со конвенционално оружје“. Други европски земји исто така се подготвуваат за можноста за војна, а некои работат на тоа со децении. Под Хелсинки, главниот град на Финска, повеќе од 5.500 засолништа се ископани во карпата со доволно простор за речиси милион луѓе. Тоа е огромен капацитет ако се земе предвид дека Хелсинки има околу 675.000 жители.Тагови: Алпи бункери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД Американката Рајли Инглиш (26) е осудена на шест години и еден месец затвор за заговор за убиство на американскиот министер за финансии Скот Бесант, е објавено по пресудата донесена во федералниот суд во Вашингтон.Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, беше уапсена во јануари 2025 година откако отишла во американскиот Капитол, каде што им кажала на полицајците дека имала намера да го убие Бесант на денот на неговото сослушување за потврда во Сенатот, објавува Гардијан. Два импровизирани молотови коктели, запалка и нож на расклопување беа пронајдени кај неа. Судијата Рудолф Контрерас процени дека планот имал „исклучително мала или непостоечка“ шанса за успех, меѓу другото, бидејќи Бесант не била во Капитол тој ден, додека импровизираните запаливи направи не изгледале способни да се запалат. Инглиш му рече на судот дека никогаш не сакала да повреди никого и дека не е ниту политичка ниту насилна личност. Таа рече дека поминувала низ сериозен ментален слом и дека била зависничка од дрога во времето на инцидентот. BREAKING: A transgender defendant convicted of crimes connected to an attempted assassination of Treasury Secretary Scott Bessent has been sentenced to 6 years in federal prison. Bessent previously said the plot unfolded just two hours after he was sworn into office, citing the… pic.twitter.com/dHGiTa6X0U — Fox News (@FoxNews) August 18, 2026 Обвинителството побара казна од 10 години и еден месец затвор, велејќи дека Инглиш го планирала атентатот најмалку еден месец. Според истражителите, Инглиш ѝ кажала на полицијата дека првично размислувала да нападне други републикански политичари, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, како и да ја запали зградата на конзервативната организација Фондација Херитиџ. Потоа таа го избрала Бесант како своја цел откако прочитала статија за неговото сослушување за потврда на интернет. Обвинителството, исто така, изјави дека Инглиш рекла дека била под влијание на Луиџи Манџоне, кој е обвинет за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелт Ол Постс Кер“, Брајан Томпсон. Transgender woman who plotted to kill Trump Treasury Secretary Scott Bessent learns fate https://t.co/0rbMkKVifg — Daily Mail (@DailyMail) August 18, 2026 Адвокатот на одбраната, Марија Џејкоб, рече дека постапките на нејзиниот клиент биле „повик за помош“ и дека Инглиш била во многу лоша ментална состојба во времето на инцидентот. Судијката Контрерас, која беше номинирана за федерален судија од поранешниот претседател на САД, Барак Обама, ја осуди Инглиш на шест години и еден месец затвор и три години надзор по ослободувањето. Ќе ѝ се припише казната за речиси 20 месеци што веќе ги отслужила во притвор.Тагови: затвор убиство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19