3Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати
3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
МакедонијаД-р Пановски по посетата на Интерните клиники, на барање на министерот ФилипчеМинистерот за здравство д-р Венко Филипче, како и целокупниот медицински персонал во Ковид центрите во Скопје, се заблагодаруваат на д-р Никола Пановски, за тоа што ја прифати поканата да ги посети ковид центрите на интерните клиники.Почитувани, Министерот за здравство д-р Венко Филипче, како и целокупниот медицински персонал во Ковид центрите во Скопје, се заблагодаруваат на д-р Никола Пановски, универзитетскиот професор по микробилогија, голем и докажан стручњак во областа за тоа што ја прифати поканата да ги посети ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар. Професорот Пановски, откако посети дел од Ковид центрите на Интерните клиники, направи визита и преглед на пациенти и нивните болнички истории, до министерот Филипче испрати стручно мислење во кое опфаќа три сегменти - оргазнизација на ковид центрите, стручен кадар и со каква терапија се лекуваат болните пациенти. „Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска." - пишува проф. д-р Никола Пановски. Во стручното мислење, проф. д-р Пановски пишува и за начинот на лекување на болни и заразени со Ковид 19. Тој констатира правилно давање на антибиотици и други лекови, посочувајќи случај, со ковид пациент кој има хронично заболување леукемија, лекарите со соодветна терапија успеале леукоцитите од 120 да му ги намалат на 35, а ЦРП од 300 на 50. „Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин. Кај еден од случаите кои беа дел од анализата, лице кое покрај ковид има и леукемија, лекувањето е во корелација со хематолог, пациентот имал леукоцити 120, ЦРП 300, а сега со спомената терапија, леукоцитите паднале на 35, а ЦРП на 50. За сега немало потреба од употреба на колистин. Инаку кај нас, особено на КАРИЛ постојат болнички соеви на Грам негативни бактерии кои се остеливи само на колистин." - стои во дописот на проф.д-р Пановски до министерот Филипче. Доктор Пановски посочува дека освен во коивд центрите на интерните клиники, треба да се провери како се организирани ковид центрите во внатрешноста. Министерот Филипче смета дека од големо значење е стручната експертиза на д-р Пановски, во борбата против вирусот Ковид 19, па затоа професорот има отворена покана да допринесе со своето знаење и искуство и да посети други ковид центри, во останатите градови низ државата. На крајот од дописот проф. д-р Никола Пановски, не ги штеди пофалните зборови за органзиационата структура, која министерот Венко Филипче му ја довери на проф. д-р Дејан Докиќ кого го назначи за координатор на ковид центрите во интерните клиники. Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЕвропаВидео: Земјотрес во Шпанија – луѓе бегаат од хотел, по улиците паѓаа урнатини, има повредниЗемјотрес во Шпанија – луѓе бегаат од хотел, по улиците паѓаа урнатини! Наредена беше итна евакуација, а меѓу повредените имаше и девојче!Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погодија Гранада, по што уследиле уште два последователни потреса. Повредени се три лица, а извршена е евакуација на хотели и делови од Алхамбра. Втор силен земјотрес во рок од само неколку дена погоди популарна туристичка област во Шпанија, принудувајќи евакуација на хотели и делови од една од најпознатите туристички атракции во земјата. Најмалку три лица се повредени откако земјотрес со јачина од 4,6 степени утрово ја погоди областа околу Гранада, а службите за итни случаи примија десетици повици од граѓани. Овој потрес уследи по земјотрес со јачина од 5,2 степени, кој во претходните денови предизвика делумно уривање на објекти и ги принуди исплашените жители и туристи да ги напуштат своите домови. Епицентарот на утринскиот земјотрес бил во близина на Гохар, мало гратче и општина лоцирани на околу осум километри јужно од центарот на Гранада. A powerful magnitude 5.0 earthquake hits Armilla, Granada, Spain 🇪🇸pic.twitter.com/5X2c2adQ8w — Disaster News (@Top_Disaster) August 15, 2026 По земјотресот биле евакуирани хотелите и зградите на локалната самоуправа што се отворени за граѓаните. Вработените во хотелот со четири ѕвездички „Барсело Кармен Гранада“ се фотографирани на улицата веднаш по првиот потрес. Следуваа уште два силни земјотреса. По земјотресот со јачина од 4,6 степени, следуваа уште два земјотреса со јачина од 4 и 4,2 степени во близина на Чуријана де ла Вега и Алјенде. Локалните власти потврдија дека три лица се повредени, но наведоа дека повредите не се сериозни. Евакуирани биле и делови од познатата Алхамбра, еден од најпознатите туристички комплекси во Шпанија. Портпарол на центарот за итни случаи, управуван од регионалната влада на Андалузија, изјави дека биле примени повеќе од 50 повици од граѓани во врска со одрони од карпи и пукнатини. „Добивме повеќе од педесет повици со пријави за одрони од карпи и пукнатини, а засега нема извештаи за повредени лица“, првично соопштија од центарот. Подоцна, на социјалните мрежи беше објавено предупредување до населението. „Пријавени се неколку земјотреси во пошироката област на Гранада. Ако сте почувствувале земјотрес, а сте безбедни и вашиот дом не е оштетен, останете смирени и избегнувајте непотребно влегување и излегување од зградите. Не користете лифт.“ На снимките направени од локални жители се гледаат парчиња градежен материјал расфрлани по улицата, која е оградена од полицијата. На една од снимките се слуша како припадник на службите за итни случаи вели: „Изгледа дека во тој момент никој не поминувал. За среќа.“ Засега не е познато колкава е вкупната материјална штета предизвикана од земјотресот. На друго видео објавено на интернет се гледа како силно се тресе внатрешноста на празна просторија за време на земјотресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТаа купила автомобил, го паркирала и „заборавила“ на него 43 години (ФОТО)Рено 5 ТЛ од 1982 година со само 12 километри продадено за 53.711 евра.Додека новиот Рено 5 Е-Тек го освојува европскиот пазар, во Франција е откриен вистински автомобилски бисер. Станува збор за модел на Рено 5 ТЛ од 1982 година кој поминал повеќе од четири децении во гаража и возел само 12 километри. Автомобилот го купила Французинка во салонот на Рено во градот Шалон-сур-Сон кон крајот на октомври 1982 година. Таа платила 40.000 француски франци за него во тоа време (еквивалентно на 16.500 евра денес). Станува збор за верзија со 5 врати, со бензински мотор од 1,1 литар, четиристепен мануелен менувач и сина металик боја. Причината за речиси непостоечката километража е невообичаена. Сопственичката немала возачка дозвола во моментот на купување, па автомобилот веднаш бил ставен во гаража. View this post on Instagram A post shared by Farjones (@phares_jaunes_et_damiers) Иако подоцна го положила возачкиот испит, никогаш не стекнала доволно самодоверба за редовно да го вози, пишува „Јутарњи лист“. Кога автомобилот бил пронајден оваа година, километражата сè уште покажувала само 12 километри, а сè уште ги имал старите црни француски регистарски таблички. По темелно чистење и подготовка, „Рено 5“ бил понуден на аукцијата „Агутс“ во Париз. Иако не е ретка верзија „Турбо“ или „Алпин“, неговата исклучителна состојба и минималната километража ги привлекле колекционерите, па конечната цена достигнала дури 53.711 евра. Денес, овој „Рено 5“ претставува еден од најдобро зачуваните примери на легендарниот француски модел и доказ дека времето понекогаш може да застане – барем кога станува збор за автомобили.Тагови: аукција Рено 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
СветМоќен американски разурнувач остана без струја и вода на температура од 37°C во Јужнокинеското МореАмериканскиот разурнувач „УСС Бенфолд“ (USS Benfold) остана без погон и електрична енергија цели четири дена за време на рутински операции во регионот на Индо-Пацификот. Седмата флота на американската морнарица за Си-Ен-Ен (CNN) го потврди инцидентот што се случи на 24 јули. Сериозен дефект во Јужното Кинеско Море Бродот ја изгуби способноста за маневрирање поради дефект на генераторот. Екипажот остана без функционални тоалети, климатизација, кујнски капацитети и системи за производство на вода за пиење. Иако морнарицата не ја откри точната локација, „USNI News“ објави дека разурнувачот се наоѓал во Јужното Кинеско Море, каде што дневните температури кон крајот на јули се движеле меѓу 32 и 37 степени Целзиусови. За време на прекинот, крстосувачот „УСС Роберт Смолс“ (USS Robert Smalls) му достави на екипажот готови оброци, а помош пружија и други бродови од ударната група предводена од носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ (USS George Washington). „Бенфолд“ на крајот беше одвлечен до залив на Филипините, каде што поправките беа завршени до 8 август, по што бродот се врати во служба. Сè уште се истражува причината за дефектот на генераторите. Ова е втор ваков инцидент со американски разурнувачи во регионот на Индо-Пацификот оваа година; во април, и разурнувачот „УСС Хигинс“ (USS Higgins) остана без напојување и погон во траење од неколку часа поради проблеми со електричниот систем. Сè почести се извештаите за оперативни тешкотии кај различни видови бродови, што се поврзува со големиот притисок врз американската морнарица поради конфликтот на Блискиот Исток. И „УСС Бенфолд“ (USS Benfold) и „УСС Хигинс“ припаѓаат на класата разурнувачи „Арли Берк“ (Arleigh Burke), кои со повеќе од 70 бродови го сочинуваат столбот на американската морнарица. Разурнувачот „Бенфолд“ е дел од придружбата на носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“, кој плови кон Блискиот Исток за да го замени носачот „УСС Абрахам Линколн“. Токму кај екипажот на „Линколн“ беше забележан драстичен пад на моралот, откако бродот помина повеќе од 250 дена на море без ниту едно редовно пристапување во пристаниште. Морнарите работат во долги смени и зад себе имаат 40 дена непрекинати борбени операции. Тие, исто така, се соочуваат со проблеми во снабдувањето со храна, вода и пошта. Во такви околности, членовите на нивните семејства известуваат за пад на моралот и појава на самоубиствени мисли кај дел од морнарите. Носачите на авиони вообичаено пристапуваат во пристаниште на секои 30 до 45 дена заради дополнување на залихите, одржување и одмор на екипажот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook