Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка за економски развој и инфраструктура во Кабинетот на претседателот на Комората е една од наградените жени менаџери - Канал 5

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка за економски развој и инфраструктура во Кабинетот на претседателот на Комората е една од наградените жени менаџери

Во својата 25-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора и тоа најпрво како генерален секретар односно извршен директор на Комората па потоа и како потпретседател и советник на претседателот на Комората. 

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка за економски развој и инфраструктура во Кабинетот на претседателот на Комората е една од наградените жени менаџери

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка за економски развој и инфраструктура во Кабинетот на претседателот на Комората е една од наградените жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, соопшти денеска Стопансклата комора..

Во својата 25-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора и тоа најпрво како генерален секретар односно извршен директор на Комората па потоа и како потпретседател и советник на претседателот на Комората. Преку нејзините управувачки и лидерски вештини таа успешно води бројни иницијативи и проекти на Комората со што помага во засилување на позициите на македонските компании и го зајакнува коморското вмрежување.

На 23 април во х. DoubleTree by Hilton во Скопје, со свечена промоција во присуство на истакнати гости од општествено-економскиот живот во земјава, агенцијата „Марили“ ја одржа јубилејната манифестација на која беа доделени 30 награди, статуетки, на жени – менаџерки од целата држава и од различни дејности и сектори кои континуирано, долгогодишно успешно менаџирале и дале траен придонес кон македонската економија.

Специјални гости на манифестацијата беа министерката за финансии, м-р Гордана Димитриеска-Кочоска и вицегувернерката на НБРМ, м-р Ана Митреска кои и преку своите инспиративни говори, присуство и упатени пораки дадоа несебична поддршка на манифестацијата, женското претприемништво и успехот кој се гради макотрпно, со знаење, професионализам и упорност.

Покрај постоечките критериуми за избор на жена менаџер, најважен критериум беше жените да се најмалку 10 години на менаџерски позиции, со што се потврдува нивниот континуитет и успех во работата. Сите наградени менаџерки кои беа препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност добија статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков.

Манифестацијата на чело со генералната директорка на Марили Лидија Трипуноска, години наназад претставува јакнење на женското менаџерство претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот „еднакви можности за сите“.

Освен манифестацијата, 30 годишен јубилеј одбележува и „Бизнис Каталогот на Македонија“ кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел на Каталогот е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат бројни интервјуа со прогласените жени менаџери, интервјуа со министри, претставници од бизнис коморите, уметници, глумци, музичари и др.

Стопанската комора на Македонија на сите наградени успешни жени-менаџери им честита за наградите и им посакува во следниот период постигнување прогрес на професионален и приватен план.

Стопанската комора посебно упатува честитки до генералната менаџерка на Марили Агенција, Лидија Трипуновска за големиот јубилеј на двата значајни проекти на “Марили” како и за успешно организираниот настан кој претставуваше собир на квалитет, знаење, издржливост, сила, елеганција, нежност и мотив за постигнување уште подобри резултати во заедништво со тимовите и поддршката од најблиските.

Јелисавета Георгиева Јовевска е доктор по економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Економски факултет, со специјалност менаџмент на бизнис асоцијациите, односно менаџментот ставен во функција на ефикасно и ефективно остварување на целите и задачите на Коморите генерално како организации.

Во 2001 година во Стопанската комора на Македонија започнува со работни ангажмани како референт во Центарот за европска интеграција, потоа како шеф на кабинетот на претседателот на Комората а од 2005 до 2011 година работи како генерален секретар на Стопанската комора на Македонија. Со менување на поставеноста на коморскиот систем во нашата земја, од 2011 година до 2019 ја извршува функцијата Извршен директор на Комората додека од мај 2019 година е нејзин потпретседател. Георгиева-Јовевска тековно е и советник на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура а од 2016 година па наваму работи и како претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) која е составен дел на Комората.

Бидејќи нејзината формула за успех е постојана надоградба, учење и едукација таа до сега има поминато преку 70 обуки, специјализации, академии и слично во земјата и странство и директно е вклучена во реализацијата на 15-тина успешни коморски проекти. Георгиева Јовевска е интерен проверувач (по ISO 9001:2008) во Стопанската комора преку управување со анализа на документи, класификација на документи, мапирање на деловен процес и сл. Целосно учествуваше во реализација на ИСО стандардот во Комората која го имплементираше како прва бизнис асоцијација во нашата земја во 2008 година.

Кога станува збор за дополнителни вештини, Георгиева-Јовевска е лиценциран вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење, лиценциран помирувач и арбитер за мирно решавање на работни спорови, веќе десет години е лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори. Во јуни 2022 година беше именувана од Владата на РМ за прв национален координатор за медијација и постојано, покрај редовните работни активности учествува во активности за промоција и афирмација на медијацијата како една од најефикасните алатки за решавање на споровите со цел поголемо искористување на овој економичен, доверлив и брз начин на решавање на одреден спор, посебно кај бизнис заедницата.

На свеченото доделување на наградите што синоќа се одржа традиционално по 30-ти пат, статуетката „Жена водилка“, покрај д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, ја добија и уште 29 успешни менаџерки од Р.С.Македонија. Лауреатки по повод овој голем јубилеј беа: Даниела Адемоска, сопственичка и извршна директорка на хотелот DoubleTree by Hilton, Скопје, м-р Јаглика Јорданова Андријеска, управувачки партнер, во „РМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје, Александра Шкемби Антовска, генерална директорка на „СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија, Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка на „Интернационален Картичен Систем АД Скопје“-CASYS, Наташа Паунова Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка на „Л&Н&Т Диагностик“ ДОО, Скопје, м-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка на „Кондево МК ДООЕЛ“ Штип, д-р Жанина Петрова-Грајиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка на ПЗУ Центар за очи „Визиа“, Скопје, Мелита Гугуловска, генерална директорка на САВА Осигурување А.Д. Скопје, д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка на ПЗУ „Др. Горица“, Скопје, доц. д-р Тања Дејаноска, претседателка на Комората на приватно здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на Dental International-Prof. dr. Dejanoski, Скопје, м-р Дафинка Ивановска, адвокатка, Рубинов директор во „тианДе“ и извршна менаџерка во „Ревитал Козметикс“, Скопје, м-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во „Инспирит Коучинг“, Скопје, м-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во „АСП Консалтинг“, Охрид и финансов менаџер во „АСП ПАК“ Охрид, Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка на „Светот на Колорес“, Скопје, Ленче Карпузовска, менаџерка во оддел за комуникации во „ЕВН Македонија“, м-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка на „Диоптра Оптикс“, Скопје, Биљана Мишиќ, извршна директорка на ИУТЕ Македонија, Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка на „Агро Калем“, Тимјаник, Неготино, Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка на „ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје, М-р Марија Патриклиска, менаџер во оддел за човечки ресурси во „ЕАМ“ ДОО, Штип, Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка на „Авто Контрол – Сервис“ Прилеп, Анета Антова Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на Групацијата на компании „Ултра-Унет“, Скопје, Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка на ПЗУ Аптека „Сара фарм“, Скопје, м-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка на „ЕУРОФАРМ“, Битола, д-р Василка Салевска-Трајкова, менаџер за корпоративни прашања во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Д.О.О. Скопје, Викторија Шотароска Трајкова, генерална директорка на П.И.К.Ко Македонија, Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка на „Хауз Мајстор Фасилити“, Скопје, м-р Златица Цивкароски, член на Управен одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје и м-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка на „Професионал Акаунт“, Скопје.

Стопанска комора на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честа вечерна навика која може да го оштети црниот дроб

Јадењето доцна навечер придонесува до поголема телесна тежина, но научниците предупредуваат дека ваквата навика може да влијае на црниот дроб.

Честа вечерна навика која може да го оштети црниот дроб

Резултатите од истражувања, објавени во списанието *Clinical Gastroenterology and Hepatology*, покажале дека луѓето кои консумираат дополнителна храна по вечерата или непосредно пред спиење се соочуваат со значително поголем ризик од стеатоза на црниот дроб,заболување поврзано со метаболичка дисфункција (состојба при која во црниот дроб се акумулира масно ткиво) или цироза.

„Знаеме дека црниот дроб во голема мера е синхронизиран со циркадијалниот ритам на телото“, вели главниот автор, д-р Роберт Вилечански од Универзитетот за здравје и наука во Орегон (OHSU).

„Затоа, нè интересира промената на времето на консумирање храна која би придонела подобро здравје без притоа да се менува составот на она што луѓето го јадат“, додава тој.

Пораст на заболувањата на црниот дроб

Студија спроведена врз население во САД покажала зголемување на сите форми на заболувања на црниот дроб за 20-30 % кај лица кои изјавиле дека јадат доцна навечер, во споредба со оние кои не го прават тоа.

„Важно е да се напомене дека, луѓето кај кои се развива замастен црн дроб, само кај мал дел подоцна се развиваат потешки форми на состојбата, како што е цирозата“, вели д-р Вилечански. „Вреди да се истакне дека ограничувањето на внесување калории неколку часа пред спиење може да биде корисно.“

„Можеме да го потврдиме она што веќе го знаеме: дека обрасците на однесување – без разлика дали се однесуваат на спиењето, исхраната или физичката активност – се навистина важни“, вели д-р Ендрју Мекхил, физиолог специјализиран за спиење и циркадијални ритми на OHSU.

„На пример, покажавме дека консумирањето храна навечер – кога внатрешниот биолошки часовник го поттикнува спиењето – ја намалува способноста на телото ефикасно да ја метаболизира храната. Ова, на крајот, може да доведе до дебелина, дијабетес, а според најновите истражувања, и до нарушено здравје на црниот дроб“, изјави тој.

Постојат многу видови заболувања на црниот дроб, од кои некои не покажуваат никакви симптоми.

Симптомите на цироза вклучуваат постојан замор и слабост, губење на апетитот, намален сексуален нагон, жолтица, чешање на кожата и гадење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер