Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб
2Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб
МакедонијаЦветеновски: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола ГруевскиДодека институциите не мрдаат со прст за криминалните тендери на ВМРО-ОКГ граѓаните гледаат црна кампања со напади врз предметите на СЈО.Ова е дел од политичката операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во земјава. Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Целта е јасна: дискредитација на предметите односно релативизирање на пресудите кои произлегоа од овие предмети и подготовка на терен за нивно поништување. Обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот од правдата, Никола Груевски, да се претстави како жртва. Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството. Власта избира нов јавен обвинител, сопруга на градоначалник на ВМРО назначи за член на Судски совет, советник на Мицкоски се предлага за во Уставниот суд. Обвинителството се злоупотребува и за вршење притисок, секогаш кога нешто не и одговара на власта јавно го повикуваат токму обвинителството. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“. Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата, рече Симона Цветеновски, Членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола. Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаЈанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли МекејлебГрадоначалникот Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во Македонија, Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.На средбата беше разговарано за работата и приоритетите на Општина Кавадарци, актуелните предизвици и можностите за понатамошен развој, со посебен акцент на регионалниот развој и создавањето услови за нови можности за граѓаните. Градоначалникот ги запозна гостите со реализираните проекти, развојните потенцијали на Кавадарци и визијата за понатамошен економски и инфраструктурен развој на општината. Средбата беше можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување и унапредување на соработката од заеднички интерес, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ЕвропаХакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра Хакерската група Рисида објави на темната мрежа речиси шест терабајти податоци од администрацијата во Берлин, а меѓу нив наводно има и исклучително чувствителни информации. Објавени се речиси 1,44 милиони датотеки, но администрацијата во Берлин и политичката елита сè уште не дале никакви значајни изјави за настанот, пишува Euronews. Објавени се класифицирани планови за одбрана Меѓу документите е и мапа со име „AG CBRN-Rahmenplanung“. Акронимот CBRN е кратенка за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Ова значи дека строго доверливите сценарија за вакви закани сега се јавно достапни, давајќи им пристап до нив на терористичките групи и странските разузнавачки служби. „Напад што директно ја загрозува државата“ Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф на платформата X оцени дека станува збор за сајбер напад „од размер што директно ја загрозува државата“. „Покрај документите на Покраинската криминална полиција (LKA) поврзани со истрагите, датотеките содржат и планови за национална одбрана. Тие вклучуваат тајни канали за комуникација во случај на катастрофи на федералната влада, податоци за одбранбените компании и планови за кризни ситуации на владините агенции“, напиша Винкелсдорф. Личните податоци на службеникот исто така беа протечени Објавена е и голема количина лични податоци, првенствено на државни службеници. Тие вклучуваат изводи од матична книга на родени, евиденција за отсуства, приватни телефонски броеви и домашни адреси. Отфрлена уцена од два милиони евра Хакерите претходно се заканија дека ќе ги објават податоците и побараа откуп од 30 биткоини, што одговара на износ од околу два милиони евра. Тие поставија рок кој истече во петок околу 15:35 часот. Дури и пред рокот, Берлинскиот сенат изјави дека во принцип не се согласува со таква уцена. Кратко по рокот, целиот пакет податоци беше објавен на темната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter