Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаЦветаноски:Таравари беше фатен во обид за криминал треба да одговара и да поднесе оставкаМицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар.Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн. Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност. Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата на Мицкоски преку огласот на Министерството за здравство сама се согласила државата да се откаже од 99% од профитот и да добива само 1%. Ова е основа за корупција и доказ дека дека се основани сомнежите дека огласот бил однапред правен токму за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите. Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка. СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Таравари и целосна истрага од институциите. Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка. Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании. ДПМНЕ застана на браникот против работниците кои бараат достоинствен приход Оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот. Работниците, кои се темелот на секое општество, се нападнати затоа што бараат само едно – фер и достојна плата. ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат гласот против неправдите. Целта е јасна – да се заплашат работниците и сите што бараат правда. Да се создаде атмосфера во која никој повеќе нема да се осмели да побара нешто што оваа власт не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ битка против секој што се осмелува да бара подобар живот, против секој што се спротивставува на диктатот на ДПМНЕ. Во минатото, ВМРО-ДПМНЕ глумеше поддршка за работниците, но сега вистинското лице е откриено. Ги користеа кога им требаа за политичка пресметка, а сега сакаат да ги замолчат засекогаш. Но, лагите и заканите нема да ги спречат работниците да се борат. СДСМ останува доследна и ќе продолжи да ги поддржува сите што бараат правда. ВМРО-ДПМНЕ сака да создаде тишина и страв, но тоа нема да се случи. Работниците нема да бидат замолчени. СДСМ ќе биде тука, во оваа борба, сè додека секој работник не добие плата со која може да живее. Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14