ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар - Канал 5

ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар

Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња.

ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар

Големиот доток на вода во речното корито низводно нанел пообилна количина дрвна маса и тие вршат притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот пред влезот на селото Бадар во Општина Петровец.

Ова известување, како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), го добиле од повеќе граѓани.

- Покрај со јавувања на 112 во ЦУК, со допис до ЦУК граѓаните укажуваат дека мостот е поприлично стар и веќе некои од столбовите се закосени, со што постоеше голема веројатност поради големиот притисок од водата и насобраната дрвна маса околу столбовите тие да се срушат. Секторот за операции и координација при ЦУК со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за преземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба и отстранување на опасноста. Денеска, од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито, се наведува во соопштението од ЦУК.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.

СДСМ

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Нов пар кој ја шокира холивудската сцена се Том Круз и Ана де Армас – актерскиот пар влезе во романса по заедничко снимање, а сега се следени на секој чекор!

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Том Круз се обидува да ја импресионира својата нова девојка Ана де Армас — потрошил 8.600 фунти само за пат до аеродромот.

Холивудскиот актер, кој има 62 години, не штедел пари на патување до Њујорк, пишува „Сан“.

„Тој е вистински џентлмен. . Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде“

Тој изнајмил хеликоптер вреден 1 милион фунти за да ја однесе Ана од центарот на Лондон до аеродромот Хитроу, што го чинело 4.850 фунти.

Потоа платил уште 3.812 фунти за пристап до ВИП Виндзор салата на аеродромот.

Вкупната сума од 8.662 фунти е повеќе од двојно од цената на нејзината прва класа авионска карта со Бритиш Ервејс.

Извор изјави: „Том сака Ана да знае дека може да го добие најдоброто од најдоброто и не се замара со цената. Тој е вистински џентлмен и само сака да биде добар со неа. Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде.“

Ана, која глумеше во Бонд филмот „Нема време за умирање“ во 2021 година, првпат беше поврзана со Том кога беа видени на вечера за Денот на вљубените.

Оттогаш, врската се развива — Том дури ја однел на краток одмор во Мадрид за Велигден.

Јавно ја потврдија врската на прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам во Лондон минатата недела.

притисни ентер