ЦУК: Гори возило спроти клиничкиот центар во Скопје - Канал 5

ЦУК: Гори возило спроти клиничкиот центар во Скопје

Гори возило спроти клиничкиот центар во Скопје, на терен се полицијата и противпожарните служби.

ЦУК: Гори возило спроти клиничкиот центар во Скопје

Гори возило спроти Клиничкиот центар во Скопје, густиот чад ги вознемири граѓаните од околните објекти. Според информациите од Центарот за управување со кризи ЦУК на бројот 112 бил пријавен пожар на улицата Владимир Назор бр2

На терен се полицијата и противпожарните служби, се очекуваат повеќе детали во текот на денот

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Турскиот суд денеска осуди 18 вработени во општина Истанбул, кои ќе чекаат судење во затвор по обвинение за корупција, објавија локалните медиуми.

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Апсењето се случи во рамки на се поголемиот притисок врз опозицијата и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор, пренесуваат агенциите.

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој води на анкетите, е затворен во март и чека судење по обвинение за корупција.

Тој се соочува и со обвиненија за помагање на терористичка група.

Градоначалникот на Истанбул на судењето рече: Овие обвинувања се политички; јас сум претседателот во срцата на 86 милиони. Тој ги негираше сите обвиненија, а неговото апсење предизвика големи протести, економски проблеми и обвинувања дека судството е политизирано.

Владата ги отфрла тие тврдења и истакнува дека судството е независно.

Турската телевизија НТВ објави дека 34 од 52-те лица кои беа уапсени во текот на викендот во рамки на истрагата се пуштени со судски ограничувања.

Турските медиуми објавија во саботата дека властите уапсиле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги кои се фокусираа на Имамоглу.

Меѓу уапсените беа генералниот секретар на општината, началникот на кабинетот на Имамоглу, претседателот и потпретседателот на општинската управа за водовод и канализација, како и раководител на оддел во управата. /МИА

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.

На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата.

Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.

Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по успехот на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

притисни ентер