Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
2Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
КошаркаЦрвена звезда ја оствари и петатта победа во АБА лигатаКошаркарите на Црвена звезда ја остварија и петатта победа во регионалната АБА лига. Актуелниот шампион во ова натпреварување славеше на гостувањето во Словенија кај Крка со 67:56.Со овој триумф црвено-белите заедно со Будуќност и Партизан се трите тима кои досега немаат пораз во АБА. Од друга страна македонските претставници во ова натпреварување МЗТ Скопје и Карпош Соколи се единствените тимови кои немаат победа. Тоа сигурно ќе се смени во следното коло бидејќи во недела следува макеоднската пресметка по која еден од тимовите ќе се радува на првата победа. Комплетни резултати и табела по 5.коло во АБА: Морнар – ФМП 82-66 Цибона - Карпош Соколи 102-79 Мега Лекс – Цедевита 82-85 Игокеа – Будуќност 92-93 Партизан - Унион Олимпија 86-85 Задар - МЗТ Скопје Аеродром 71-65 и Крка – Црвена Звезда 56/67 Табела: Црвена звезда 5-0 (победи-порази), Будуќност 5-0, Партизан 5-0, Цибона 4-1, Цедевита 3-2, Игокеа 3-2, Морнар 2-3, ФМП 2-3, Задар 2-3, Мега Лекс 1-3, Унион Олимпија 1-3, Крка 1-3, Карпош Соколи 0-5 и МЗТ Скопје Аеродром 0-5. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПретставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во СкопјеОд 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави. Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам. „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година. Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов УМЕТНИЦА – Ања Митиќ БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ ДОКТОР – Игор Стојчевски МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“. Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје. Драмкси театар СкопјеТагови: Драмкси театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook