Црвена Ѕвезда убедлива во дуелот со Макаби - Канал 5

Црвена Ѕвезда убедлива во дуелот со Макаби

Екипата на Црвена Ѕвезда ја постигна петтата победа во Евролигата, откако синоќа во дуелот од 12. коло убедливо го совлада Макаби со 83:58.

Црвена Ѕвезда убедлива во дуелот со Макаби
„Црвено-белите“ ги добија сите четири четвртини, а пет играчи кај домашниот тим дуелот го завршија со двоцифрен број поени.

Резултати на досега одиграните дуели од оваа рунда: Уникс Казан – Басконија 91:92, Дарушафака – Реал Мадрид 81:68, Жалгирис – Олимпијакос 75:88, Црвена Звезда – Макаби 83:58 и Бамберг – Анадолу Ефес 91:83.

Вечерва се играат три натпревари: Галатасарај – Армани Милано, ЦСКА Москва – Барселона и Панатинаикос – Фенербахче.

Табела: ЦСКА Москва 10-1 (победи-порази), Фенербахче 8-3, Басконија 8-4, Олимпијакос 8-4,Реал Мадрид 8-4, Панатинаикос 6-5, Дарушафака 6-6, Анадолу Ефес 6-6, Барселона 5-6, Црвена Ѕвезда 5-7, Макаби 5-7, Армани Милано 4-7, Бамберг 4-8, Жалгирис 4-8, Галатасарај 3-8, Уникс Казан 3-9. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Дезориентиран возач е уапсен откако со автомобилот удрил во портите на луксузниот имот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Шеесет и тригодишен маж, чиј идентитет не е откриен, со автомобил удрил во влезната врата на имот во сопственост на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Според информациите од полицијата, возачот изгледал дезориентирано и не застанал пред затворената капија, туку продолжил да вози со голема брзина по пристапниот пат. Тој бил уапсен и пренесен во болница, а полицијата поднела пријава против него за неовластен упад на имот и предизвикување штета.

Детективот Џенифер Дан за „Page Six“ потврди дека 63-годишникот од Бронкс нема криминално досие. Таа објасни дека тој изгледал збунето на самото место, како и по неговото апсење.

„Тој не упати никакви закани ниту ги спомна имињата на станарите. Можно е случајно да ја избрал таа куќа, доколку во тој момент имал здравствени проблеми“, рече Дан.

Истрагата откри дека пред инцидентот мажот застанал пред друга куќа на истата улица.

Таму разговарал со сопственикот и се распрашувал за жена со одредено име. Откако му кажале дека таа не живее таму, тој продолжил понатаму. Сопственикот на таа куќа исто така ѝ потврдил на полицијата дека мажот изгледал збунето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

Гостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење..

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

. Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а само во последните 24 часа имало 260 пријави на случаи со стомачни тегоби. Забраната за пиење вода во меѓувреме, останува на сила . Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, а оценка за ситуацијата даде и премиерот Мицкоски .

Во Гостивар денеска беше Дејан Трајковски.

Неговиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. 

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер