Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал
ЗдравјеЦрвен крст на град Скопје: Традиционална крводарителска акција по повод 26 ЈулиВо текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби. На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите. Токму затоа, Црвен крст на град Скопје, на 27 јули, организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ – Скопје, во понеделник, 27.07.2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот. На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници. Една единица крв може да спаси и до три животи. Ова лето, одвојте малку време и дарувајте крв. Тагови: крв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја далСДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело. Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт. Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти. А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“. Сите го гледаат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook