ЖивотЦрвен крст Кавадарци: Драгица Антиќ волонтира над 20 години и помага таму каде што е неопходноДрагица Антиќ волонтира над 20 години и несебично помага таму каде што е неопходно. Таа е жена лидер, велат од Црвен крст Кавадарци, апелирајќи и други да го следат нејзиниот пример и да дадат свој придонес во општеството. Оттаму додаваат дека сите овие години, таа е активно вклучена во нивните активности. Била поттикната од услугите на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци кои ги пружа на лицата со посебни потреби и особено во подршката на децата и млади со посебни потреби од Дневниот центар и посебните паралелки. -Бев присутна на работилници, одбележување на настани, екскурзии и бесплатни летувања и зимувања за анимирање и грижа на лица со посебни потреби и деца од социјално загрозени семејства во склоп на проектот на ЦКРСМ и МТСП, кој се реализираше повеќе години наназад. Како човек во кој се буди хуманоста и желбата за помош се вклучив и во евидентирање на крводарителите при организирање и спроведување на крводарителските акции во Кавадарци и Росоман. Секојдневно се среќавам со крводарители на кои им треба помош и подршка во мотивација за дарување на крв, вели Антиќ. Со појавата на коронавирусот, од март 2020 година се вклучила во активностите на ООЦК Кавадарци со цел да им се помогне на граѓаните со бесплатни услуги на достава на лекови, храна и хигиена. -Како дел од тимовите за бесплатни услуги посетивме голем дел на наши сограѓани на кои им требаше нашата помош во време на пандемија. Го информиравме населението за почитување на превентивните мерки, така што делевме флаери, заштитни маски и средства за дезинфекција, додава Антиќ. Како последна активност во која била вклучена е и проектот за одговор на ковид последици, подржан од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. -Беа направени теренски посети на 24 семејства кои имаа деца со посебни потреби и притоа беше направена анализа на финансиската состојба на семејствата и поддршка на истите. Оваа работа ме исполнува, мотивира и понатаму да бидам активен волонтер во Црвениот крст во Кавадарци, нагласува Антиќ. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter