Црвен крст: Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите во пожарот во Кочани, хуманитарнат - Канал 5

Црвен крст: Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите во пожарот во Кочани, хуманитарнат

Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите во пожарот во Кочани, хуманитарната акција продолжува.

Црвен крст: Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите во пожарот во Кочани, хуманитарнат

Црвениот крст соопшти дека од донации досега се собрани вкупно 20.932.654,00 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Посочува дека продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

Црвениот крст повикува и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

- Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

- Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

- Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/

- За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

 Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.

- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.

„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.

Операцијата се фокусираше на мрежа во населбата Ла Кастелан, лоцирана во северните делови на Марсеј, позната како жариште на трговија со дрога и симбол на борбата против организираниот криминал во вториот по големина град во Франција, јавувааат француските медиуми.

Министерот нагласи дека „речиси сите цели“ на акцијата се идентификувани и приведени.

Во операцијата учествуваа 170 истражители, вклучително и елитните единици РАИД и специјализирани интервентни бригади, како и меѓународната агенција Европол.

„Стануваа збор за виссокорангираани членови на мрежата“, рече Ретаљо, изразувајќи надеж дека акцијата му нанела „смртоносен или барем многу сериозен удар“ на криминалниот синџир.

Иако минатата година беше спроведена голема операција, трговијата со дрога во Ла Кастелана не е целосно запрена.

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

 Базиликата Свети Петар во Ватикан изутрината повторно е отворена по кратко затворање во текот на ноќта, за вториот ден од поклонението пред папата Франциск. 

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.

Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.

Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.

Над 170 делегации, вклучително и шефови на држави и влади, се очекува да пристигнат од целиот свет на погребот в сабота. Церемонијата ќе се емитува и на телевизија ширум светот.

„Едно поглавје во историјата на црквата е затворено“, изјави Герхард Лудвиг Милер, германски кардинал познат како конзервативец кој ќе биде еден од учесниците на конклавата на која ќе се избере 267. поглавар на Римокатоличката црква, во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

притисни ентер