БалканЦрна Гора протера уште шестмина руски дипломатиЦрногорското Министерство за надворешни работи денеска прогласи уште шест дипломати од амбасадата на Руската Федерација во Црна Гора за непожелни лица.Црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката е донесена поради активностите на руските дипломати, кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на взаемно почитување меѓу двете земји. Во првата половина од годинава Црна Гора протера шест дипломати, па вкупниот број Руси на кои им е наредено да ја напуштат Црна Гора како непожелни лица сега е 12. Претходно во текот на денот, како што објавија медиумите во Подгорица, во главниот град биле уапсени неколку црногорски државјани поради сомнение дека се руски шпиони, а меѓу нив, како што пренесуваат медиумите, има и вработени во државните владини институции. Меѓу уапсените наводно е и долгогодишен вработен во црногорското МНР. Исто така, според пишувањата на медиумите, полицијата истражила и претресла неколку руски државјани. Црногорското државно обвинителство сè уште официјално не ги потврдува апсењата, а црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ рече дека станува збор за меѓународна операција која започнала доцна синоќа. „Активноста беше планирана малку порано и беше активирана синоќа. Утрово се уапсени неколку лица. Во секој случај, се вршат претреси на повеќе локации и се инволвирани повеќе лица. Тоа е меѓународен карактер. Подготвени сме да го заштитиме националниот интерес на Црна Гора во секој сегмент“, рече Абазовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter