Црна Гора протера руски дипломат - Канал 5

Црна Гора протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи за персона нон грата неименуван дипломат на Амбасадата на Руската Федерација, акредитиран во Подгорица и нареди негово протерување.

Црна Гора протера руски дипломат

Во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека службена нота за оваа одлука со која е определен рок од 72 часа за напуштање на црногорската територија, денеска му била врачена на рускиот амбасадор во Подгорица.

„Причината за ваквата одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.

Според црногорското МНР, името и функцијата на дипломатот нема да бидат објавени, што е во согласност со дипломатската практика.

Црногорските медиуми претходно објавија дека црногорскиот потпретседател и член на просрпскиот и прорускиот Демократски фронт Страхиња Булајиќ имал две средби со руските разузнавачи Виктор Антипин и Александар Перисов, а една средба се одржала пред две недели во кафуле во Даниловград, град во близина на Подгорица.

Коментирајќи го состанокот, црногорскиот вицепремиер и координатор на безбедносните служби, Дритан Абазовиќ, претходно изјави за црногорските медиуми дека „безбедносниот сектор го следи влијанието на странските фактори додека ги штити националните интереси на Црна Гора“.

Црногорското Министерство за надворешни работи во средата објави дека земјата се приклучила на санкциите воведени од Европската унија против Русија по нејзиниот напад врз Украина.

Во исто време, Генералштабот на црногорската армија најави дека ќе донира одредени количини заштитна опрема за Украина, пред се заштитни елеци и шлемови, додека Министерството за финансии издвои 50.000 евра за помош на владата во Киев.

Црвениот крст на Црна Гора отвори специјална телефонска линија преку која граѓаните можат да донираат пари за помош на жителите на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер