Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
1Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
БалканЦрна Гора од ЕУ добива 42.000 вакцини на Фајзер Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека 42.000 дози вакцини финансирани од Европската унија ќе пристигнат во Црна Гора од мај до крајот на август.Претседателката на ЕК и црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ разговарале преку видео врска кон крајот на март, кога фон дер Лајен најавила повеќе од 600.000 дози вакцини за Западен Балкан. "Ние стоиме покрај нашите партнери во Западен Балкан, како што истакнав во разговор со премиерот Здравко Кривокапиќ. Четириесет и две илјади дози вакцини финансирани од ЕУ ќе пристигнат во Црна Гора од мај до крајот на август. Ние сме заедно во ова ", соопшти фон дер Лајен на Твитер. Делегацијата на ЕУ во Црна Гора објави дека ЕК и Австрија денеска најавиле склучување на договор за испорака на вакцини против ковид-19 на Западен Балкан. "ЕК финансира испорака на 651,000 дози на BioNTech / Pfizer, кои ќе бидат дистрибуирани со поддршка на Австрија. Првата испорака до сите партнери во регионот се очекува во мај, а испораката во редовни транши ќе продолжи до август, “се вели во соопштението. По тој повод, Фон дер Лајен рече дека е клучно насекаде да се забрзаат кампањите за вакцинација. "Среќна сум што објавувам дека обезбедивме дози за поддршка на вакцинацијата на здравствените работници и другите ранливи групи во Западен Балкан. ЕУ стои покрај своите партнери во регионот, кои гледаат поддршка во нас", рече фон дер Лајен. Таа, исто така, и се заблагодари на Австрија, што ја покажува, како што рече, нејзината цврста посветеност и солидарност со Западен Балкан. Виена денеска објави дека до август планира да испрати 651 000 дози на вакцината на БиоНТех и Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и на Африка. Вакцинацијата во Црна Гора започнала на 20 февруари со донираните вакцини Спутник V испратени во Подгорица од Србија, а во меѓувреме во таа земја пристигна донација од 30 000 дози вакцини Синофарм и 24 000 дози на АстраЗенека, примени од Црна Гора преку Ковакс механизмот. До крајот на месецот, црногорските здравствени власти очекуваат нови 200.000 дози кинеска вакцина и пристигнување на нови дози на АстраЗенека, кога ќе започне процесот на масовна вакцинација. Досега вакцината ја примиле нешто помалку од седум проценти од црногорското население. Србија има една од највисоките стапки на вакцинација во Европа, додека другите земји од Западен Балкан се помалку успешни. Во Босна и Херцеговина, недостатокот на вакцини доведе и до улични протести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаОбвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот. Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter