Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
БалканЦрна Гора и Албанија потпишаа 11 договори и почнуваат заедничка изградба на мост на р. БоjанаПремиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама денеска во Подгорица потпишаа неколку меѓународни договори.Абазовиќ и Рама денеска во Подгорица потпишаа неколку меѓународни договори, меѓу кои е договорот за изградба на мостот на реката Бојана вреден 20 милиони долари и отворање на заедничкиот граничен премин. На заедничката, свечена седница на двете влади, беа потпишани уште осум договори и меморандуми од областа на енергетиката, рибарството, заштитата на имотот, социјалната заштита, спортот, културата и медиумите, одбраната, здравството. Абазовиќ и Рама по средбата изјавија дека потпишаните договори ќе придонесат за подобра соработка меѓу двете земји. Абазовиќ рече дека изградбата на мостот Бојана ќе чини околу 20 милиони евра и дека мостот ќе го скрати растојанието меѓу двете земји од десетици километри на 300 метри. „Идејата за проектот ја покривме со наши средства, додека изградбата ќе ја покриеме со заеднички средства. Во Црна Гора платите се повисоки, така што Албанија не може да го плати мостот, ако веќе ја платила идејата за проектот“, изјави премиерот во техничкиот мандат. Тој рече дека изградбата на мостот е важен инфраструктурен проект, кој ќе овозможи нов туристички производ за двете земји. „Целта е луѓето да имаат полесен пристап, полесно да поминуваат, да се намали сообраќајниот метеж, да се доведе развојот на таа зона на повисоко ниво“, додаде Абазовиќ. Потпишан е и Договор за отворање на заедничкиот граничен премин Свети Никола-Пулај на територијата на Албанија. На свеченоста беше потпишан меморандум за разбирање меѓу Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија за соработка во областа на енергетиката. Потпишан е и договор во делот на заедничко одржливо управување со рибарството во Скадарското езеро и реката Бојана, документ за соработка во областа на здравствената заштита на растенијата, како и договор за соработка во областа на социјалната заштита. На свеченоста беа потпишани и Меморандум за соработка меѓу двата ресори за одбрана, Меморандум за соработка меѓу црногорското Министерство за спорт и млади и албанското Министерство за образование и спорт, Програма за културна соработка за периодот од 2023 до 2025 година, како и Меморандум за соработка меѓу министерствата за здравство. Албанскиот премиер Рама рече дека уште еднаш ја почувствувале „топлината на пречекот и афирмацијата на братството меѓу двете земји“. „Албанија и Црна Гора се повеќе од соседи. Се среќаваме во време на предизвици за Европа и нашиот регион и во тој контекст, освен директните предизвици, важноста на ова братство и соседство изгледа многу поголема“, рече Рама. Тој оцени дека брзината на пристапување во ЕУ зависи од регионалната соработка, а Албанија и Црна Гора се „целосно посветени“ на членството во Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Шоу бизФото: Ирина Шајк скоро гола на забава Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина. https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание. 40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките. Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа. Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси. Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалФудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона. Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона. Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал. Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна. Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет. Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона. Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството. – Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.Тагови: Манчестер сити Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравствотоИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter