Црн ден во Шпанија, 950 починати, 8000 новозаразени

Во изминатите 24 часа во Шпанија од коронавирус починале дури 950 лица, регистрирани се и 8000 новозаболени.

Во Шпанија секојдневно рапидно расте бројот на починати и новозаразени лица со коронавирусот. Ако овој тренд продолжи Шпанија многу брзо би можела да ја помине Италија според бројот на заразени лица.

Во битката против страшната пандемија шпанската влада пред два дена воведе целосна забранана движење, воведене 24 часовен полициски час. Дозволено им е движењето само на лекарите, полицијата и војската.

Според медиумите здравствениот систем на Шпанија е пред колапс.

Со Ковид -19 во Шпанија се заразени повеќе од 12000 медицински работници.

притисни ентер