Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаContent Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесноOдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор.Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На панелот 3 од конференцијата насловен „Подобри онлајн-практики“ учество земаа и Кики Мукаетова – креаторка на содржина, Ана Попризова – психолог и гешталт-терапевт, д-р Димитар Јовевски – редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ и Елеонора Венинова – режисерка и сценаристка. Во својство на родител на контент-креатор и раководител на компанија со повеќе од 3.000 вработени, чијашто работа се потпира на најсовремените технологии, Мукаетов направи паралела меѓу личното и професионалното искуство во однос на предностите и предизвиците на дигиталната ера: „Како човек роден во аналогна ера, во семејство со четири деца – еден миленијал, две припаднички на Gen Z и најмладиот член од генерацијата алфа – разликата меѓу времето во кое јас растев и она во кое растат новите генерации е драстична. Ако јас на нивна возраст наутро прво одев во трафика по најновиот број на тогашниот дневен весник ’Македонски спорт’, моите деца денот го започнуваат со мобилните телефони. Ако порано одредени производствено-аналитички техники бараа подлабинско внимателно следење од страна на повеќе искусни стручњаци, денес – поради високата автоматизација – поголемиот дел од работата е пренесена на технологијата, но улогата на човечкиот фактор останува клучна“, истакна Мукаетов. Кога станува збор за напливот на информации, Мукаетов ја изрази својата загриженост од растечката склоност кон површност, посочувајќи: „Фармацевтската индустрија се потпира на прецизна наука, строги протоколи и длабинско разбирање на секој процес. Во овој сектор нема простор за брзи, површни заклучоци или, пак, импровизации. Секој чекор – од истражување и развој, преку контролата на квалитет, до производството и безбедноста на лековите – бара максимална точност и одговорност.“ Во ерата на брза размена на информации, социјалните мрежи, вештачката интелигенција и интернетот претставуваат клучни алатки за учење, информирање и креативен развој, но како можности истите носат и одредени ризици како прекумерна изложеност, зависност од екрани и дезинформации. На овие аспекти се осврна и Кики Мукаетова: „Моето регистрирано време поминато пред екран во просек е околу 10 часа дневно, од кои значителен дел се поврзани со училишните обврски. Таквата статистика дури и мене ми изгледа премногу и се обидувам да креирам рутини кои реално функционираат, но треба да се има волја за тоа. Голем предизвик за нас тинејџерите е притисокот од социјалните мрежи, како и, најчесто, неоправданите критики. Според мене, клучниот збор е одговорност. Има однесувања и норми кои се прифатливи и до кои треба да се придржуваме. Ние тинејџерите не можеме да делуваме институционално, но лично би сакала да има некоја законска рамка за тоа што и колку е дозволено во тој онлајн-простор. Накратко, ни треба онлајн-простор каде младите ќе се чувствуваат прифатено, а не осудувано“, истакна Мукаетова. Учесниците на панелот заклучија дека дигиталниот простор треба да остане место што поттикнува креативност, учење, поврзување и размена на идеи, но истовремено мора да биде ослободен од токсичност, дезинформации и притисок од нереални стандарди. Остварувањето на ваква здрава и конструктивна онлајн-средина бара усогласена и одговорна соработка меѓу сите чинители – поединците, образовните институции, дигиталните платформи, бизнис-секторот и надлежните институции. АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕТагови: алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКрис Џенер ги откри резултатите од затегнувањето на лицето: Го платила 100.000 долариКрис Џенер (70) се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес во саботата, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание.Мајката на семејството Кардашијан-Џенер на црвениот тепих ги покажа резултатите од затегнувањето на лицето – процедура која, според извештаите на американските медиуми, ја чинела 100.000 долари. Таа пристигна на настанот придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер, Кори Гембл (45). Двојката заедно позираше пред фотографите; нивната врска со години го привлекува вниманието на јавноста. За оваа пригода, Џенер избра темно-син сатенски фустан и соодветно палто со светки. Изгледот го надополни со чевли што имаа голема машна на петата и носеше само сребрени обетки. Гембл носеше темно-син костум и светло-сина кошула на риги. Џенер и Гембл првпат беа поврзани во 2014 година, откако се запознаа на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува покрај семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани. Крис Џенер за Кори: „Мојот животен партнер“ Иако генерално ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, Крис Џенер неколку пати зборувала за тоа колку ѝ значи Кори Гембл. Во серијата „The Kardashians“, таа го опиша како нејзин „животен партнер“ и рече дека нивната врска ѝ носи голема радост. „Кори е мојот животен партнер и секогаш се забавувам со него“, рече Џенер, додавајќи дека не очекувала повторно да најде таква поврзаност. Таа зборуваше и за разликата во годините меѓу нив, со оглед на тоа што Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот тоа ѝ изгледало необично, но на крајот сфатила дека годините не се пречка кога постои вистинска поврзаност. „Не можам да ја објаснам хемијата или зошто луѓето се вљубуваат, но изминатите десетина години беа неверојатни и одлично си поминуваме заедно“, изјави таа. Отворено зборуваше за затегнувањето на лицето Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер се подложила на процедура извршена од пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого „Page Six“ во тоа време го опиша како „маестро за затегнување на лицето“. Кон крајот на минатата година, во една епизода од серијата „The Kardashians“, Џенер ѝ откри на својата ќерка Ким дека, по бројните козметички зафати, носот е единствениот дел од нејзиното лице што останал природен. „Носот веројатно е единствената вистинска работа на моето лице“, призна таа. Таа исто така зборуваше за зафатот за затегнување на лицето во интервју за „Vogue Arabia“ во август 2025 година. Објасни дека првиот зафат го направила пред околу 15 години и дека одлучила повторно да се подложи на операција бидејќи сакала да го освежи својот изглед. „Одлучив да го направам овој зафат бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“, рече Џенер. Таа додаде дека смета оти стареењето не значи дека човек мора да се откаже од грижата за себе. „Тоа што стареете не значи дека треба да се запуштите. Ако се чувствувате пријатно во сопствената кожа и сакате да стареете природно – односно не сакате никакви естетски корекции – тогаш слободно направете го тоа. Но, за мене, ова е стареење со достоинство. Ова е мојата верзија за тоа“, изјави таа. За време на гостувањето во подкастот на нејзината ќерка Клои Кардашијан претходно оваа година, Џенер ги отфрли шпекулациите дека е незадоволна од резултатите на зафатот, како и гласините дека ефектот од нејзината операција за затегнување на лицето, која чинела 100.000 долари, „почнува да исчезнува“. Извор: Индекс.хрТагови: Крис Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00