Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
АвтомобилизамЦитроен прославува 100 години од постоењето (ВИДЕО)Цитроен прославува 100 години од постоењето и за таа цел се организираат бројни настани во целиот свет .На централната прослава во Париз се очекува да бидат прикажани старите , но и најновите модели на овој најголем гранцуски производител . Низ историјата Цитроен стана најпознат по моделот Спачек , како и луксузната ,,Жаба” во 70 – тите. Во историјата на Цитроен , најзнчајно е името на младиот инженер и студент Андре Цитроен , кој уште во 1900 доби патент за запчаници во облик на шеврон , што подоцна стана заштитен знак на неговата компанија. Тој во 1912 патува во САД , каде се среќава со Хенри Форд и со процесот на производство на легендарниот модел Т. Во 1919 Цитроен ја формира истоимената компанија со лансирање на моделот ,,Тип А”, кој е прв масовно произцведен автомобил во Европа. Во триесетите години на минатиот век , Цитроен е најголемиот европски производител на автомобили , а во тоа време се воведуваат и начините на купување како постпродажна услуга, потрошувачки кредит и лизинг. Потоа следуваат моделите , кои го сменија начинот на користење на автомобилите за секојдневна употреба , а не само за луксуз . Последниот од серијата модели за овие сто години е Ц4 Кактус , кој е прв автомобил на светот со странични перничиња за ублажување на ударите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Македонија190.000 евра месечно е највисоката плата исплатена минатата година во Македонија Од четиригодишен милионер до милионски плати и дивиденди – што открива извештајот на УЈП за 2025 година? Четиригодишно дете остварило 3,1 милион денари или околу 51 илјада евра од дивиденда, додека 97-годишен пензионер пријавил нешто над еден милион денари, односно околу 17,7 илјади евра годишни приходи, од кои 59% се од пензија. Највисоката годишна бруто-плата во 2025 година изнесувала околу 2,26 милиони евра, односно просечно речиси 189 илјади евра месечно. Станува збор за лице од Скопје, вработено во секторот за ископување камен јаглен. Според податоците на УЈП, сите пет највисоки годишни плати се исплатени во главниот град, а меѓу дејностите се трговијата на големо со храна, пијалаци и тутун, како и други сектори. Високи приходи се евидентирани и од дивиденди, капитални добивки, самостојна дејност, изнајмување имот и игри на среќа. Највисокиот вкупен годишен приход достигнал околу 4,19 милиони евра кај лице од Гевгелија, додека лице од Охрид пријавило околу 4,14 милиони евра. -Најмладото лице кое остварило ваков доход е дете од 4 години, кое има остварено дивиденда исплатена од една банка, а највозрасниот граѓанин со остварен доход над 1 милион денари е пензионер со доход од 1,1 милион денари од пензија, која не му е единствен доход,- Елена Петрова – директорка на УЈП. Во првите девет месеци од 2026 година, УЈП наплатила околу 1,86 милијарди евра даночни приходи, односно 72 проценти од годишниот план. Намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не значи автоматски и пропорционално намалување на даночните приходи во буџетот, објаснува Петрова, посочувајќи дека при претходното намалување на стапката во март и април била остварена висока наплата на ДДВ. -Во однос на наплатата на даноците во првите девет месеци, можеме да кажеме дека истата е стабилна и со раст што е над планираната динамика. Во периодот од јануари до септември се наплатени даночни приходи од 1 милијарда и 857 милиони евра, што е раст од 11,5% во споредба со истиот период лани. Во однос на намалувањето на стапката на ДДВ за горивата од 18% на 10%, тоа значи намалување на вкалкулираниот ДДВ во продажната цена, но пресметувањето на обврската зависи и од продадените количини, одбивката на ДДВ, побарувачката, потрошувачката и многу економски фактори,- Елена Петрова – директорка на УЈП. Во однос на повратот на ДДВ, Петрова посети дека законскиот рок е 30 дена од поднесувањето на барањето, а доколку се потребни дополнителни проверки или документација, постапката може да се продолжи. Ако рокот биде надминат, на компаниите им следува камата согласно законските правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРочиште за пожарот во дискотеката Пулс во КочаниНиту еден претставник на градежната компанија „Венци проект“, која ги изведувала градежните зафати во објектот, со образложение до судот дека имале работни обврски, не се појави на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Како предлог на одбраната се очекуваше компанијата да даде одговри за градежните интервенции кои биле извршени во објектот и дали за нив биле потребни соодветни дозволи и лиценци. Судењето продолжи со дополнително вкрстено испрашување на граджениот вештак предложен од одбраната на обвинетите. Тој остана на тврдењето дека на објектот не била извршена реконструкција, туку градежно-занаетчиски работи, за кои, според неговото толкување, не биле потребни лиценци. Семејствата на загинатите сметаат дека обвинителството преку прецизни и аргументирани прашања успеало да ја доведе во прашање веродостојноста на тврдењата на Русевски, кои, како што наведуваат, биле спротивни на стручните наоди, заклучоците и доказите на вештаците од Градежниот факултет. -Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во Пулс. Обвинителството на претходното рочиште, при вкрстеното испрашување, ги оспори неговите тврдења, посочувајќи дека дел од исказите не се совпаѓаат со наодите во градежното вештачење што самиот го изготвил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаЌе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?Ќе донесат ли новите барања на енергетските компании повисоки сметки за граѓаните? МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа од околу 98 проценти за пренос на електрична енергија, додека компаниите што произведуваат, дистрибуираат и снабдуваат со парно бараат промена на одобрените приходи и цената на топлинската енергија. Од РКЕ потврдуваат дека барањата се пристигнати и дека во тек е нивна анализа. МЕПСО бара тарифата за пренос на струја да се зголеми од 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што е раст од околу 98 проценти. Но, тоа не значи дека и крајните сметки за струја ќе бидат повисоки за истиот процент. Од МЕПСО побаравме да објаснат кои трошоци го наметнуваат бараното зголемување, но до почетокот на вестите не добивме одговор. Неизвесна е и цената по која ЕСМ ќе ја понуди струјата за 2027 година. Од компанијата за Канал 5 велат дека сè уште ги анализираат трошоците и проекциите за производството. До крајот на октомври пресметките треба да бидат доставени до Владата, која ќе ја утврди регулираната цена со која ЕСМ ќе конкурира на тендерот на ЕВН Хоум за покривање до 70 проценти од потребите на универзалниот снабдувач. За преостанатите 30 проценти, ЕСМ дополнително ќе одлучи по која цена ќе ја понуди струјата. Притисок врз трошоците има и кај парното. ЕСМ посочува дека цената на природниот гас е еден од клучните фактори за производството на топлинска енергија, во октомври цената на гасот на EEX(TTF) берзата пораснала за околу 60 проценти во однос на цената одобрена од РКЕ. „Цената на природниот гас на eex(ttf) берзата порасна за околу 60% во однос на одобрената цена, прогнозираниот тренд на раст на цената на природниот гас за повеќе од 60% за оваа грејна сезона претставува значаен фактор што влијае врз трошоците за производство на топлинска енергија.“– ЕСМ. РКЕ треба да ги анализира пријавените трошоци и да оцени кои се оправдани пред да ги утврди тарифите за топлинската енергија. Засега нема потврден процент на поскапување на парното, ниту конечна одлука за цената на струјата. Колкав товар ќе понесат домаќинствата, ќе зависи од одлуките што допрва треба да ги донесат надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22