Цитроен го претстави специјалниот Ц1 ЈЦЦ +

Автомобилскиот гигант „Цитроен„ со помош на францускиот дизајнер Жан Шарл де Кастелбажак го направи специјалниот модел на Ц1.

Специјалната верзија ја носи ознаката ЈЦЦ+ , новиот модел има многу детели со кои се разликува од другите модели од понудата на градски автомобили од француската компанија.

По моделот Ц3 ЈЦЦ+ од 20218 година, новиот специјален модел на Ц1 е базиран на најдобрата „Флаир“ опрема , тука се сега и автоматските светла, електрични странични ретровизори, екран тач од 7 инчи, задна паркинг камера, затемнети стакла и хромирани внатрешни рачки на вратите.

По хаубата се наоѓа 1,0- литарски трицилиндричен бензински мотор ВТи 72 кој развива 71 КС.

За завршување од 0 до 100 км на час на новиот специјален модел на Ц1 му се потребни 14 секунди , а неговата максимална брзина изнесува 160 километри на час, а емисијата на CO2 e 110 g /km.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

притисни ентер