Ципрас: Сакав да најдеме решение и со Груевски, но тој одбиваше

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс" вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба.

За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.

– Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и сл. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас и реков: сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение, наведува Ципрас.

Меркел, како што раскажува грчкиот премиер, му одговорила дека не му верува бидејќи сите негови претходници не сакале да го отворат ова прашање, а особено поранешниот премиер Андонис Самарас.

– И реков дека моето мислење е поинакво, оти Грција ќе има корист ако успееме да ги решиме споровите со нашите северни соседи. Грција има доволно разлики со соседите на исток – и не ни требаат повеќе проблеми со нашите северни соседи, особено ако се земји кои не се закана за нас, изјави Ципрас.

За постигнатиот договор за името со Зоран Заев, за што пратеници во Европскиот парламент ги номинираа за Нобелова награда за мир, Ципрас вели станува збор за балансирано и обострано корисно решение.

-Се чинеше дека единствената разлика беше името. Но, не беше само името – туку и нашата историја и нашиот идентитет. Тоа ги правеше работите многу тешки. Мислам дека постигнатиот договор е балансиран. Никој не ја доби својата позиција 100 проценти… Северна Македонија е мала земја со 2,5 милиони луѓе. Ако имаме нормална врска, оваа земја би можела да биде стратешки партнер за Грција, поле за инвестиции, за отворање пазари, вели Алексиси Ципрас во интервјуто за „Фајненшел тајмс".

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен

правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи до 26 степени.

Корисниците на „Apple“ се бесни: Не можат да пристапат до нивните сметки

Фрустрираните корисници пријавија дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ и од нив се бара да ги променат лозинките.

„Apple ID“ имаше проблеми изминатиот викенд. Како што известува „9to5Mac“, корисниците на „Apple“ почнаа да се жалат на интернет дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ од сите нивни уреди, без објаснување.

Откако се обидоа да се логираат на нивниот профил, некои беа целосно заклучени, и покрај внесувањето на точните информации, и мораа да ги ресетираат лозинките.

„Apple“ допрва треба да даде официјална изјава за проблемот, а страницата за статус на системот на компанијата не споменува никакви проблеми со „Apple ID“ или други системи.

Не е познато колку корисници се погодени од овој проблем, а голем број од нив се пожалија на социјалните мрежи.

Извор: Б92

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце.

притисни ентер