Ципрас: Nationality се однесува исклучиво на државјанството, а не на македонска националност

Гласањето доверба е минато, почнува последното пребројување за Преспанскиот Договор  во грчкиот парламент.

Се уште официјално не се открива кога спогодбата ќе биде ставена на гласање, иако се очекува тоа да се случи кон почетокот на следната недела. Ципрас, според последната математика, помалку изненадувачки, има сигурни 149 гласа – 145-те на својата Сириза, два на Независни Грци, еден на независната пратеничка Папакоста и еден на Река, кој беше исклучен од партијата.

Ова е недоволно за апсолутно мнозинство, но како што тврди самиот Ципрас, може да биде доволно Договорот да биде изгласат со просто мнозинство од гласовите на присутните во салата.

Второто и посигурно сценарио е да се повтори сликата од вчерашното гласање доверба со плус двајца пратеници на Независни Грци, но и со уште неколкумина на колебливата Река, која сепак денеска праќа сигнали дека дел од пратениците ќе застанат зад спогодбата.

Во исклучително зовриена атмосфера и со тешки обвинувања од Мицотакис, Ципрас синоќа од говорницата го извести собранието дека ја примил вербалната нота од македонска страна дека земјава ги исполнила обврските од Договорот и согласно документот, објасни зошто спогодбата е прифатлива за Атина.

-Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција

- Тој што ќе гласа „за” го отвора патот за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, како што е предвидено со Договорот од Преспа. Кој ќе гласа за, во целост го одобрува бродоломот на земјата во изминативе четири години, големата политичка измама што ќе го одржи Ципрас на власт, вели Кирјакос Мицотакис, лидер на Нова Демократија.

Македонското МНР вчера ја испрати вербалната нота до Атина. Се работи за документ на шест страници, со кој се информира грчката страна дека се завршени сите легислативни услови и се заокружуваат обврските од Преспанскиот договор.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер