Чувствувате пецкање на усните? Еве како за 24 часа можете да го спречите херпесот пред да се појави меурче! - Канал 5

Чувствувате пецкање на усните? Еве како за 24 часа можете да го спречите херпесот пред да се појави меурче!

Овие брзи трикови и природни лекови ги олеснуваат првите симптоми.

Чувствувате пецкање на усните? Еве како за 24 часа можете да го спречите херпесот пред да се појави меурче!

Познатото чувство на пецкање и чешање на усните за многумина е знак дека херпесот повторно се враќа. Ако реагирате доволно рано, често може да спречите развивање на меурче или значително да го ублажите избивањето.

Херпесот обично трае седум до десет дена до целосно оздравување. Најчесто се најавува со пецкање, чешање и затегнатост на кожата во тој предел. Токму затоа првите часови се клучни, бидејќи тогаш можете да реагирате. Затоа обратете внимание на оваа појава без да ја игнорирате.

Брза реакција во првите 24 часа

Штом почувствувате дека нешто се „спрема“, добро е веднаш да посегнете по проверените препарати за херпес за локална употреба, најчесто тоа се стик, гел, фластери со антивирусно дејство. Нанесете ги точно на подрачјето каде чувствувате пецкање, според упатството, повеќепати во текот на денот.

Стручните лица нагласуваат дека токму брзата реакција во првите 24 до 48 часа е пресудна за херпесот да не се развие целосно.

Зајакнете ја одбраната на организмот

Херпесот најчесто се активира при ослабен имунитет, после настинка, стрес или непроспиени ноќи. Затоа треба да внимавате во врска со сонот, урамнотежената храна, внесувањето доволно витамини (особено витамин Ц и цинк) и во врска со справувањето со стресот.

Така организмот полесно ги држи вирусите под контрола.

Хигиената е важна

Штом ќе ги забележите првите симптоми, важно е да внимавате вирусот да не се прошири. Не пипкајте го местото со рака, не дупнувајте го меурчето и не вадете ја крастата за да ја подобрите состојбата.

Не споделувајте кармин, чаши, прибор за јадење и крпи со другите, а рацете мијте го почесто.

Природна помош за олеснување

Ладна облога: Мразот може веднаш да ја намали болката и непријатноста. Замотајте коцки мраз во крпа и допрете ги на херпесот неколку минути. Повторете го ова повеќепати во текот на денот за да го намалите отокот.

Мед со куркума: Комбинацијата мед и куркума има антибактериско и противвоспалително дејство. Измешајте лажиче мед со малку куркума, нанесете го на херпесот и оставете да делува 15 мин., а потоа измијте.

Цинкова маст: Цинкот може да го забрза сушењето и зараснувањето на кожата. Нанесете тенок слој маст неколкупати дневно на зафатеното место.

Гел од алое вера: Растението алое вера е познато по своите противвоспалителни и смирувачки дејства. Ставете мала количина гел на вата и нанесете ја на херпесот. Повторете го ова 2-3 пати дневно, така ќе ја ублажите иритацијата.

Ако често ви се појавува херпес, при тоа е болно, се шири на поголемо подрачје или ги зафаќа и очите, задолжително побарајте лекарска помош. Во вакви случаи се потребни посилни системски антивирусни лекови или дополнителни анализи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер