Чулев: Вчерашниот настан во Ченто со политичка заднина, МВР постапува неселективно

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека вчерашниот инцидент во Ченто е тенденциозен и со политичка заднина и дека  се лажни вестите дека приведените тројца биле земени од дома и малтретирани во полициската станица Гази Баба.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека вчерашниот инцидент во Ченто е тенденциозен и со политичка заднина и дека се лажни вестите дека приведените тројца биле земени од дома и малтретирани во полициската станица Гази Баба. Нагласи дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани, без разлика на политичката припадност доколку се прекршени законските одредби и одлуките на Владата.

-Политичката позадина не го оправдува поведението на вчерашниот настан во Ченто, туку говори за тенденциозно загрозување на здравјето на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, а кое е предизвикано, меѓу другото, и од политички побуди, рече Чулев, додавајќи дека граѓаните биле изложени на ризик кој, како што рече, сите може скапо да нè чини.

Соопшти дека околу 21.10 на социјалните мрежи била забележана фотографија на групирани лица на ул. „Алија Авдовиќ" во Ченто и полицијата со патрола контролирала дали таму се прекршуваат мерките на Владата за почитување на полицискиот час. Кога стигнале таму, имало осум лица и дел од нив се разбегале, а тројца останале на местото и биле лишени и спроведени во ПС Гази Баба за натомошно постапување.

-При лишувањето од слобода, едното лице се пртставило како член на Советот на Опшптина Гази Баба од редовите на СДСМ, со што сакал да изврши притисок врз полициските службеници со цел да не биде лишен од слобода, рече Чулев.

Извршен бил разговор и изготвен службен материјал и врз основа на тоа поднесени се кривични пријави за кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик, меѓу кои и за советникот на СДСМ.

Потоа, рече Чулев, околу 22 часот, е добиена информација дека на местото каде што тие биле приведени е собрана поголема група луѓе чиј мотив била, како што рече, лажната информација дека тие се физички малтретирани во полициската станица и дека биле лишени од слобода во нивните домови.

– Потенцирам дека двете информации не се точни и тоа е потврдено во исказите што ги дале лицата кои наведуваат дека биле затекнати на улицата „Алија Авдовиќ" и спроведени во полициската станица, рече Чулев.

Во однос на видеата на социјални мрежи и на веб-портали на кои се гледа и слуша дека градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, дава ветување дека лично ќе ги ослободи и против нив нема да има поднесок, министерот нагласи дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани на државата и секаде каде се прекршени законските одредби и одлуките на Владата постапува согласно со законот.

На новинарско прашање министерот Чулев одговори дека градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски од позиција на претседател на Општинскиот кризен штаб и како член на Советот за превенција каде што членуваат и припадници на МВР, направил активности усогласени со МВР за да ја смири насобраната толпа и да им каже дека сите треба да одговараат согласно со законот.

Против трите лица се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство и по сите стандардни процедури во однос на прекршување на забраната за движење и по документирање на случајот, тројцата се ослободени. Потоа групата насобрани граѓани си заминале без полициска интевенција.

За цеосно расчистување на случајот, МВР презема активности и е обезеден видеозапис за да се идентификуваат сите лица кои синоќа го нарушувале јавниот ред мир и против нив ќе има соодветни кривични пријави.

– А оние кои јавно упатуваат повици за непочитување на движењето, по утврдување на нивниот идентитет ќе бидат поднесени две кривични пријави за две кривични дела – за поттикнување за непочитување на одлуките на Владата и за самото непочитување на одлуките на Владата, истакна Чулев, нагласувајќи дека на дел од лицата веќе е утврден идентитетот.

Апелираше до сите политички субјекти да се воздржат од секакви изјави и постапки со кои ќе се обидат да ги прекршат законите, а истовремено да ги нарушат и меѓучовечките односи, Тоа, рече, е долевање масло на огнот и во онака кревката состојба во која се наоѓа државата и ја отежнува работата на полицијата и не им одат во прилог на граѓаните.

-Без разлика на политичката припадност, ние сме сите сојузници во ова борба и се бориме со заеднички непријател, истакна Чулев, апелирајќи до граѓаните да останат во домовите и да ги почитуваат одлуките на Владата.

На новинарско прашање министерот одговори дека градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски од позиција на претседател на Општинскиот кризен штаб и како член на Советот за превенција каде што членуваат и припадници на МВР, направил активности усогласени со МВР за да ја смири насобраната толпа и да им каже дека сите треба да одговараат согласнос со законот.

МВР претходно соопшти дека синоќа во 22 часот во Полициска станица Гази Баба полицијата ги лишила од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од село Синѓелиќ и В.В. (30) жител на ул.„Алија Авдовиќ" во населбата Ченто зашто не ја почитувале забраната за движење, а откако биле приведени, поголема група граѓани излегле на улицата „Алија Авдовиќ" за да протестираат. /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

Дипломатскиот клуб го одбележа јубилејот 55 години од формирањето на македонската дипломатија

„Во таа далечна 1969 година беше формирано Бирото за односи со странство како орган на тогашниот Извршен совет (Влада) на Република Македонија.“

Со засадување дрвце пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот центар во Пелинце членовите на Дипломатскиот клуб го одбележа 29 Април – Денот на Министерството за надворешни работи на Македонија и 55 годишнината од формирањето на македонската дипломатска служба.

-Садењето на дрво се смета за симбол на постојаноста на оваа служба и нејзиниот развој, а посетата на Пелинце е уште еден знак дека Република Македонија своите основи ги има во одлуките на заседанието на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински недалеку од Пелинце, стои во соопштението од Дипломатскиот клуб по повод вчера одржаните активности.

Темелите на македонската дипломатија се удрени пред 55 години, со одлуката на Извршниот совет на Република Македонија донесена на 29 април 1969 година за формирање на Бирото за односи со странство.

-Во таа далечна 1969 година беше формирано Бирото за односи со странство како орган на тогашниот Извршен совет (Влада) на Република Македонија. Тогаш надворешната политика на југослобенската федерација генерално беше водена преку Белград. Меѓутоа републиките имаа можност и директно да учествуваат во креирањето и спроведувањето на југословенската надворешна политика. Тоа првенствено беше окопу политиката кон иселениците, кон националните малцинства во соседните земји и кон работниците на привремена работа во странство. Републиките имаа и некои можности за развој на соработка со одделни држави или со федералнои единки на тие држави, наведуваат од клубот на дипломати.

Република Македонија, се посочува, тоа го користеше интресирајќи се за македонското национално малцинство во соседните змји, потоа за македонските иселеници особено за оние во прекуокеанските земји и за школувањето на децата на Македонците во европските земји. Македонија беше соодветно застапена и со свои кадри во Сојузниот секретаријат за надворешни работи, а кадри од тогашниот Секретаријат за односи со странство беа упатувани во странство како југословенски дипломати.

-Оваа поставеност на тогашната југословенска дипломатија покажуваше дека и Македонија имаше можности да учествува во градењето и спроведувањето на сојузната надворешна политика. Тоа нѝ дава за право да тврдиме дека Република Македонија постоеше како државен ентитет во југолсовенста федерација и во доменот на надворешната политика, наведуват од Дилпматскиот клуб.

Дипломатскиот клуб е здружение на поранешни и сегашни дипломати кои се ангажирани своето дипломатско искуство да им го пренесат на младите дипломати. Клубот во мај ќе одбележи и 15 години од своето формирање и 10 години од издавањето на негото списание Дипломатски летопис.

Содржините на списанието Дипломатски летопис се достапни и за новинарите и за пошироката публика преку пишаното издание, но и преку веб страницата на Клубот. /МИА

притисни ентер