Чулев:Нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ, за контролата во магацинот на семејството Заеви има административни пропусти

Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушкуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

На изјавата на дополнителната заменичка министерка за знатрешни работи, Славјанка Петровска дека имало пречекорување на полициските овластувања при акцијата за контрола на донацијата од семејството Заеви, извршена на 30-ти минатиот месец, Чулев појасни дека со оглед на сензитивноста на настанот веднаш дал наредба до Одделот за внатрешна контрола за да се испита случајот.

– Од Внатрешната контрола е констатирано дека полициските службеници не ги пречекориле полициските овластувања, меѓутоа има одредени минорни административни пропусти и од страна на Внатрешна контрола е констатирано дека има одредени административни пропусти во заведувањето на настанот, одговори Чулев.

Прашан дали имало налог или наредба за извршување на акцијата, Чулев рече дека полицијата постапила регуларно во поглед на контрола на ограничувањето на движењето на граѓаните и за тоа немало потреба од налог. Додека за другиот дел, кога било констатирано прекршување на ограничување на движењето,подвлече, бил консултиран дежурен јавен обвинител и понатаму целокупното постапување на полицијата било во рамки на соработката и под координација на јавен обвинител./МИА

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер