Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место - Канал 5

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се породи Анастасија Ражнатовиќ – ќерката на Цеца Ражнатовиќ го роди својот син

Анастасија Гудељ, ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера се породи и на свет донесе машко дете. 

Се породи Анастасија Ражнатовиќ – ќерката на Цеца Ражнатовиќ го роди својот син

Анастасија девет месеци ја чуваше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи.

Како што се дознава, породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

Анастасија се породи во приватна клиника во Севиља, каде што семејството има куќа и каде таа се пресели откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ.

Со раѓањето на синот, семејството Гудељ го доби својот најмлад член, а нивниот живот започна ново поглавје исполнето со љубов, радост и спомени кои допрва доаѓаат.

На својот профил на Инстаграм, Анастасија објави дека на синот му го дале името Илијан – име кое не е многу често на овие простори, но зад себе носи силна симболика и богата традиција.

Фото: Инстаграм/raznatovicanastasija

Се смета дека името Илијан потекнува од името Илија, кое има длабоки библиски корени. Изведено е од хебрејското име Eliyahu, чие значење најчесто се толкува како „Бог е мој Господ“ или „оној што му припаѓа на Бог“.

Во некои култури, Илијан се толкува и како име што симболизира сила, светлина, вера и заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот  на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.

Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.

Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика. Во 2022 година ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело.

Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др. Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати

 Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез.

Ужасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати

Тој изјави дека бројот на повредени во земјотресите што се случија на 24 јуни останал непроменет и изнесува 16.740, пренесе Ројтерс.

Родригез наведе дека 17.907 лица останале без дом. Два силни земјотреса ја погодија Венецуела на 24 јуни – првиот, со јачина од 7,2 степени, погоди област на околу 160 километри западно од Каракас, а по 39 секунди уследи уште посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер