Чулев: Изјавата на Ангеловска е доказ за негрижата за вработените во МВР

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи.

Министерката Ангеловска го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски, објави на својот фејсбук профол министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според Чулев, токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцирал дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи.

– Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува, објави Чулев.

Во однос на денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од него, Чулев напоменува дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу пет милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот.

– Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи" и „стоки и услуги" за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот, вели Чулев

Пендаровски: Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои

Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

-Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците, се наведува во порака.

Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина, се посочува, го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

-Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов, стои во пораката од претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик.

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа.

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Соопштението дојде на денот кога се очекува да продолжат разговорите во Каиро за потенцијалниот договор.

Се верува дека договорот за кој се разговара се состои во неколку фази. Во првата фаза би биле ослободени ограничен број таканаречени „хуманитарни“ заложници за неколкунеделно примирје.

Во следните фази, уште повеќе затвореници би биле ослободени во замена за Палестинците во израелските затвори, а постои можност и за воспоставување поцврсто примирје.

Хамас, сепак, инсистира дека нема да се согласи на договор кој не вклучува крај на војната.

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник.

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Соборниот храм во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изборите во среда.

- На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во Парламентот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски изрази благодарност до граѓаните кои гласаа за Силјановска Давкова во првиот круг и додаде дека се чувствува дека во среда ќе има масовност за глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер