Исто така, ова овошје е одличен диетален избор, а влијае позитивно и врз работата на цревата, здравјето на коските и внатрешната хидратација на кожата. Само со две изедени кајсии во текот на денот, вие успевате максимално да ја извлечете нивната хранливост и здравствениот бенефит.
Кајсиите се полни со витамин А, познат и како ретинол, којшто го чува здравјето на очите, но и помага при одржување на силен имунолошки систем и ја штити кожата. И свежите и сувите кајсии се одличен извор на растителни влакна, кои ги разградуваат масните киселини. На овој начин го зачувувате здравјето на дигестивниот систем. Овошјето богато со растителни влакна помага при намалување на холестеролот, а со тоа и за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Количината на електролити кои се содржат во само две кајсии помагаат во правилна работа на срцевиот мускул.
Со секојдневно консумирање кајсии, за кратко време ќе се ослободите од отровите насобрани во вашето тело. Одличната комбинација на витамините А и Ц и фитонутриентите во кајсиите гарантираат совршено здравје на кожата, но и забавување на процесот на стареење. Така, освен што уживате во здравствените предности на ова овошје, се грижите и за вашиот изглед.
Диететските влакна во кајсиите го подобруваат варењето, а со тоа и работата на метаболизмот. Затоа, доколку сте на диета, кајсиите се одличен избор за нискокалорична ужинка меѓу оброците. Кајсиите содржат доволна количина калциум за одлично да ја надополнат дневната потреба од него, за коските да бидат цврсти и здрави. Покрај тоа, содржат и калиум, без кој калциумот не може целосно да се апсорбира во организмот.