Чудото од дете само треба да го надмине Бубка , прелета 6.07 метри - Канал 5

Чудото од дете само треба да го надмине Бубка , прелета 6.07 метри

Арманд Дуплантис (20), наречен Мондо, скокна 6,07 метри со стап во Лозана, што е втор најдобар резултат на сите времиња.

Чудото од дете само треба да го надмине Бубка , прелета 6.07 метри

Атлетисима во Лозана е еден од главните настани во Дијамантската лига, но оваа година поради пандемијата на коронавирус, организаторите одржаа само натпревар во скок со стап во центарот на градот. Според прописите на швајцарската влада, на собирот присуствувале илјада гледачи, поделени во четири зони.

Победата му припадна на шведското чудо, 20-годишниот светски рекордер во затворен простор Мондо Дуплантис со скок од 6,07 м. Потоа, тој ја подигна решетката на 6,15 метри, што е висина на новиот светски рекорд на отворено, но се откажа поради темнината по неговиот прв неуспешен обид.

Дуплантис победи на митингот во Стокхолм пред десетина дена со скок од 6,01 метри, што е најдобар резултат во сезоната. Во Лозана скокна шест сантиметри повисоко и ги прескокна сите седум височини (5,62, 5,82, 5,87, 5,92, 5,97, 6,02, 6,07) од првиот обид.

„Тоа беше фантастична ноќ“, рече Дуплантис. „Условите, толпата, конкуренцијата, беше неверојатно“, додаде тој. Дуплантис победи и за пет сантиметри беше подобар од Сем Кендрикс, актуелниот светски и олимписки шампион. Тој го следеше Мондо, но заглави на 6.07.

"Сем е неверојатен и мислам дека го извлекуваме најдоброто еден од друг. Продолживме да се притискаме и го гледате резултатот. Се чувствував како да сум во зоната. Но, беше премногу темно за да стигнам до 6,15 и чувствував дека е неразумно да продолжам". истакна младиот Швеѓанец, светски рекордер со 6,18 во сала.

Трет беше олимпискиот победник од Рио де Жанеиро, Тиаго Браз, со скок од 5,72, колку што поранешниот светски рекордер Рено Лавилени скокна за четвртото место. Сепак, тој имаше операција на палецот минатата недела, така што не беше во најдобра кондиција.

Приказната на вечерта, но и далеку пошироко, е Мондо Дуплантис. Тој скокна 6,17 во Торун на 8 февруари и го сруши шест години стариот светски рекорд на Лавилен, а потоа само седум дена во Глазгов скокна за еден сантиметар повисоко и го сруши сопствениот светски рекорд.

Сепак, тој ги постигна овие подвизи, без разлика колку и да беа одлични, во теретана, додека скоковите на отворено се неспоредливо позначајни, посупериорни. Затоа овие 6.07 од Лозана му значат повеќе. Тој така докажа дека големиот Сергеј Бубка повеќе не е недостижен, како што се сметаше со децении.

Тој постави светски рекорд во скок со стап дури 35 пати, од кои 17 пати на отворено и 18 пати во затворен простор, беше првиот атлетичар кој прескокна 6 метри, а во 1994 година постави рекорд од 6,14 во Сестриере и остана единствениот кој скокнал над 6,10 метри. Но, Дуплантис му се приближи.

"Мондо ја прави атлетиката привлечна. Поради него, луѓето повторно уживаат во скок со стап и му се заблагодаруваат за тоа", рече Бубка пред неколку дена, а потоа одговори на прашањето дали Дуплантис може да биде наследник на Усеин Болт и да стане новото лице на атлетиката.

"Веќе има огромен товар на неговите плеќи. Притисокот е ужасен. Многу е тешко да се дојде до врвот, но уште потешко е да се остане таму. Сепак, мислам дека тој ќе успее. Ни требаат такви како него. Атлетиката бара sвезди како што е Мондо и фантастично е што се појави таков талент во нашиот спорт“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер