Чудо во САД : И алигаторите замрзнаа (ВИДЕО)

САД се соочува со невиден студ . Дури и јужните држави се зафатени со снег , мраз и ниски температури .

Од мочуриштето во Северна Каролина се објавени снимки на алигатори замрзнати во езерата . Алигаторите пред да бидат оковани од мраз , ги извадиле надвор устите за да можат да дишат . На тој начин неподвижни ја намалуваат својата температура за некако да преживеат.

Од паркот ,, Шалот “ објаснуваат дека алигаторите ги вадат ноздите на површина за да може да дишат иако околу нив се е замрзнато . Велат дека тоа е нормален механизам .


САД се погодени со досега незапаметена зима , а по речиси 30 години снег падна и на топлата Флорида .

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер