Чудо во Русија, дете преживеа пад на авион !!

Тригодишно девојченце преживеа авионска несреќа , во која животот го загубија осум лица, при падот на мал патнички авион кој се обидувал да слета во Хабривската област на истокот на Русија.

-Осум лица загинаа, а дете го преживеа падот, изјавил портпаролот на оперативниот штаб за ТАС.

Во малиот патнички авион имало седум патници и двајца пилоти.

Тригодишното девојченце веднаш било пренесено во болница и се наоѓа во сериозна но стабилна состојба, истакна официјално лице од администрацијата во селото Нелка, Вера Шулјатјева.

Истражниот комитет разгледува три верзии за падот на авионот: Лошите временски ислови, пилотска грешка или техничка неисправност.

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Носителот на изборната листа четири на СДСМ и Коалицијата, Венко Филипче, денес беше во посета на Валандово каде оствари средби со граѓани. 

Филипче ги промовираше мерките за земјоделците и се осврна на актуелната политичка состојба и пораките од партиите.

„СДСМ нема да трпи уцени. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ. Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ. Паднаа маските, се открија скриените коалиции кои имале за цел ослабување на СДСМ. Но, за нивна несреќа тоа нема да се случи. Ја верувам дека има доволно време до 8 мај, оние кои сега ја видоа скриената агенда на ЗНАМ, да ја преиспитаат одлуката и да ја подржат СДСМ на изборите“ - рече Филипче,се наведува во партиското соопштение.

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби

„Очекувам историски најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, со најголема разлика, најмногу гласови за Гордана Силјановска Давкова, најмногу гласови за Христијан Мицкоски за стабилна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Очекувам историски најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, со најголема разлика, најмногу гласови за Гордана Силјановска Давкова, најмногу гласови за Христијан Мицкоски за стабилна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на митингот во Струмица.

„Пред нас престои сериозна работа во деновите кои што доаѓаат, да се сретнеме со секој кој што сака да ни отвори, да поразговараме со сите кои што сакаат да не слушнат и да ги поканиме сите да излезат на гласање. Потребна е голема референдумска излезност и потребен е концентриран глас за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што сите кои што се незадоволни од актуелната власт на заминување треба да знаат дека само глас за ВМРО-ДПМНЕ значи промена“, порача Николоски.

Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање.

„Мојот противкандидат е човек кој што го уништи македонското здравство. Човек кој што ќе биде запишан на најцрните страници на македонската историја затоа што го уништи здравството и ја внесе корупцијата во него. Но, најголем дел од здравствените работници и докторите не се такви. Јас сакам вечерва да се заблагодарам и да го повикам и да го поздравите со нас вечерва е професор доктор Виктор Камнар, најдобриот македонски ортопед, човекот кој што ја направи првата трансплантација на коски во Македонија и во регионот. Камнар е човек кој што е претставник на чесните доктори и чесните лекари, на оние кои што сакаат да го градат македонското здравство и оние кои што не ги злоупотребуваат пациенти туку остануваат со нив секогаш кога им е потребно“, рече Николоски.

Тој посочи дека овие избори се избори во кои што ќе се стави крај на криминалот и корупцијата. Избори во кои што ВМРО-ДПМНЕ ја бара поддршката од граѓаните покрај СДСМ и ДУИ да се испрати во длабока опозиција.

„Ние сме многу сериозни во ова што го ветуваме, ние стоиме позади нашиот збор. И доколку ја добиеме вашата поддршка во огромен број како што ја очекуваме, ДУИ ќе оди во опозиција и ќе одговараат за криминалот и корупцијата кои што ги прават во Македонија“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби.

„Сакам да го поздравам од овде од Струмица, и да му кажам дека ќе му ја испитаме цела работа од точка до запирка, се што правел ќе биде испитано. Ама исто така и сите наводи за криминалот што го прави и за притисоците кои што ги прави. Ќе испитаме и што прави другар му Перпарим во Лотарија на Македонија, и што правеа со притисоците за Законот за игри на среќа, и која е неговата улога во казината во Македонија, каква е неговата поврзаност со бројни градежни фирми во Македонија, каква е неговата поврзаност со спортските клубови кои што се се освен спортски клубови. И да му кажам од овде дека нема да му дозволиме нему блиска фирма да копа во Беласица, да отворат тука рудник за нивните камиони и багери да вртат. ДУИ нема да работи во Струмица и струмичко“, порача тој.

Тој нагласи дека одговорноста е битна работа и тоа е најпотребно во Македонија. Одговорност ќе има со помош на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Пеколно жешко во југоисточна Азија- температурата не се симнува под 40 степени

Топлотен бран ја зафати Југоисточна Азија, а како последица на горештините загинаа неколку лица.

Училиштата се затворени во некои земји, а загриженоста за можниот недостиг на вода и електрична енергија им штети на земјоделските култури.

Во индиската држава Одиша две лица починале од сончев удар, а во неделата е забележана рекордна температура за април од 44,9 степени Целзиусови.

Во сојузната држава Керала починала 90-годишна жена и 53-годишен маж, а локалните власти истражуваат дали смртните случаи се поврзани со топлотниот бран.

На Филипините и делови од Бангладеш училиштата се затворени, а наставата се одржува виртуелно, пренесува Ројтерс.

Најмалку 34 лица се разболеле поради екстремните горештини на Филипините, меѓу кои шест лица починале.

Во Бангладеш денеска е забележана температура од 43 степени, а министерот за образование предупредил дека во останатите области од земјата училиштата ќе бидат затворени доколку температурата надмине 42 Целзиусови степени.

Во Камбоџа оваа година е најтоплата во последните 170 години.

Екстремната топлина што го погоди регионот на Југоисточна Азија е предизвикана од климатските промени предизвикани од човекот и временскиот феномен Ел Нињо, според научниците.

Тие заклучуваат дека затоплувањето на воздухот и водата ги прави топлотните бранови, поплавите, сушите, бурите и пожарите поинтензивни и поверојатни, пренесува АП.

притисни ентер