Чудо на Алјаска : За милиметар ќе го прегазеше џип во полна брзина (ВИДЕО) - Канал 5

Чудо на Алјаска : За милиметар ќе го прегазеше џип во полна брзина (ВИДЕО)

Вработен во влечна служба  преживеа налет на теренец, чиј возач изгубил контрола врз возилото.

Чудо на Алјаска : За милиметар ќе го прегазеше џип во полна брзина (ВИДЕО)

Како што се гледа на снимките од надзорната камера од сообраќајно полициско возило, вработен во служба за влечење се наведнал до возило, вршејќи преглед на пикап-камион што требало да го однесе на сервис. И тогаш од позади налета бела Киа Соренто, чиј возач очигледно влегол во свиокот премногу бргу, изгубил контрола над возилото и се лизнал по страна. Несреќата била избегната, па снимката останала како единствен доказ за чудото што се случило на Божиќното утро.

Според полицискиот извештај, во несреќата немало жртви, а во нивното соопштение потенцирале колку требало да се случи катастрофата: „Ако само еден мал детал беше различен во тие три секунди, можеше да биде неверојатно трагичен ден“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Девојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан.

Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан.

Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота.

Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долгови

Финска, земјата што девет години по ред е прогласувана за најсреќна во светот, се соочува со најави за тешка зима и најстрог буџет во последните години, насочен кон силни мерки за штедење.

Финците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долгови

Пред изборите во април, дебатата не се води околу тоа дали ќе има кратења, туку кои услуги, социјални бенефиции и пензии ќе бидат најмногу погодени.

Показателите за долгот и дефицитот на Финска се најлоши уште од 1990-тите години, кога колапсот на банкарскиот систем и распадот на Советскиот Сојуз – тогаш клучен извозен партнер – предизвикаа длабока економска криза, пишува DW.

Раст на јавниот долг Финскиот завод за статистика минатиот месец потврди дека јавниот долг во вториот квартал достигнал 90,3 отсто од БДП, што претставува пораст од околу 65 отсто пред пандемијата.

Една од причините лежи на исток: Финска ги зголеми трошоците за одбрана по влезот во НАТО, поттикната од руската инвазија врз Украина.

Покрај тоа, Хелсинки се соочи со значително повисоки трошоци за енергија откако стави крај на зависноста од Москва, од каде што набавуваше околу една третина од својата енергија. Сепак, финската влада троши повеќе отколку што прибира средства уште од финансиската криза во 2008 и 2009 година, делумно поради стареењето на населението и бавниот економски раст.

Минатиот месец, Државната управа за финансии прогнозираше дека буџетскиот дефицит во 2026 година ќе изнесува 4,2 отсто од БДП.

Брисел бара од Хелсинки да го намали новото задолжување, бидејќи правилата на Европската Унија наложуваат дефицитот да не надминува три отсто од БДП.

Во јануари, Европскиот совет покрена постапка и ѝ даде рок на Финска до крајот на 2028 година да ја постигне оваа цел. Владата на премиерот Петери Орпо, која е на власт од јуни 2023 година, планира да заштеди приближно девет милијарди евра во текот на својот мандат.

Економистите предупредуваат дека следната влада – без оглед на тоа кој ќе победи на изборите – ќе мора да спроведе значително подлабоки кратења.

Иако стапката на ризик од сиромаштија во Финска е под просекот на ЕУ, земјата има една од највисоките стапки на невработеност во Унијата.

Според „Еуростат“, во август таа изнесувала 10,3 отсто – малку повеќе отколку во Шпанија (10 отсто). Невработеноста кај младите достигнала 23,3 отсто, наспроти просекот во ЕУ од 15,4 отсто. Лаури Олапа, директор на Финскиот центар за нови економски анализи, предупреди дека нов круг на мерки за штедење би ѝ нанел тежок удар на домашната економија, бидејќи потрошувачката на домаќинствата веќе опаѓа.

„Повеќе од четвртина од населението работи во јавниот сектор; доколку овие работници се соочат со закана од отпуштање, стапката на штедење ќе порасне, а приватната потрошувачка дополнително ќе се намали“, изјави Олапа за DW. И покрај низата предизвици – од пандемијата и повисоките каматни стапки до последиците од две војни – нацрт-буџетот за 2027 година сепак предвидува дефицит од 12,4 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Приемот на високо ниво во Бугарија за Ива Михаилова ги подрива напорите за градење доверба, реагира македонското МНР по најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата со двојно државјанство.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Очекуваат од Бугарија да ги почитува основните европски принципи за неселективност и еднаквост пред законот, а за актуелните случувања најавуваат дека ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на ЕУ и Советот на Европа.

-МНР укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи. Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите. – пишува во соопштението на МНР.

Дека ќе организира средба Јотова соопшти утрово пред новинарите, тврдејќи дека нема детали за тоа како Михаилова преминала граница.

„ Немате ли информација на каков начин дошла?

- Не, не.

Ќе се видите ли со неа?

- Во првата прилика, ако не ја остават во болница. Но и да ја остават во болница, ќе направам се што можам да се видам со неа.

Каква реакција очекувате од Македонија?

- Останува да видиме, има уште многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да одговорат на некои прашања.. “Илијана Јотова – претседател на Бугарија

Ива Михаилова беше една од темите и на средбата помеѓу министрите за надворешни Муцунски и Петрова – Чамова минатиот четврток и на таа средба било договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија и да дадат мислење за здравствената состојба на Михаилова. Петрова Чамова денеска вели дека тие како институција немаат врска со потегот на обвинетата.

Случајот предизвика низа партиски реакции. СДСМ бара оставка од министерот Тошковски.

-Како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши, и бугарскиот и македонскиот? Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и кога судот ќе забрани. СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност. Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност. СДСМ.

Итна истрага бараат и од Демократски сојуз и од Левица. Се бараат одговори и за тоа каква улога имал адвокатот од Бугарија Николај Димитров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер