3 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
ЖивотЧудни обичаи за Нова година: Кршење чинии,фрлање мебел, грозје на полноќ...Најлудата ноќ во годината е пред нас, и без разлика дали ќе ја дочекате 2024 година во топлината на вашиот дом или на некоја луда забава, се надеваме дека ќе биде незаборавна.Но, додека многумина ќе ги поминат последните часови од старата година со танцување, шампањ и добра храна, некои ќе ја дочекаат Новата година со малку необични ритуали. Имено, во земјите низ светот постојат различни интересни предновогодишни обичаи, а ние ги издвоивме најбизарните. Удирање во тенџере во Нов Зеланд Новозеланѓаните се меѓу првите кои влегуваат во Новата година, а тоа го прават со што погласно удирање во тенџерињата и капаците, секако за среќа. Кршење чинии во Данска Во Данска постои необичен обичај каде што се кршат неискористени чинии пред домовите на најблиските. Така, ако во таа земја на првиот ден од новата година се разбудите пред глетка на бројни искршени чинии, тоа значи дека сте доста популарни, но и дека имате 365 дена среќа пред вас. Само кругови на Филипините Филипинците традиционално носат, собираат или јадат тркалезни предмети на новогодишната ноќ. Јадат тркалезно овошје и носат облека со шари како кругови или точки бидејќи веруваат дека таа форма им носи среќа. Отстранување мебел во Италија Исто како Данците, и Италијанците имаат традиција да се ослободуваат од мебелот. Имено, доколку во вашата куќа чувате некои стари парчиња кои не ви се потребни, сега е вистинското време да се ослободите од нив. Италијанците го прават тоа со фрлање мебел од балкон или директно низ прозорец, што и не е баш најпаметната идеја, нели? Празни кофери во Колумбија Ако во овој момент се најдете во Колумбија, голема е веројатноста дека ќе видите луѓе како се шетаат со празни куфери. Според колумбиската традиција, носењето празен куфер за Нова година носи среќа и отвора многу можности за патување во новата година. Запалени фигури во Еквадор Во Еквадор на новогодишната ноќ се палат ликови на познати личности. Обично релевантна фигура, како што е политичар, ја претставува годината на крајот, а палењето на фигурата претставува чистење на сите лоши и подготовка за доброто. Грозје во Шпанија Кога часовникот отчукува полноќ, Шпанците јадат 12 зелени бобинки од грозје кои би требало да им донесат среќа за секој месец од годината. Само розово во Аргентина Додека многу земји имаат традиција да носат црвена долна облека за среќа, Аргентинците на новогодишната ноќ носат розова долна облека, верувајќи дека тоа ќе привлече нова љубов. Покрај тоа, кога часовникот ќе отчука полноќ, ќе зачекорат напред со десната нога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаФилипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирењеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период. „Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче. Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност. „ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски. „Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМицкоски на потпишување договор за нова инвестицијаПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерииУкраина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter