Чудна реакција пред камери- Што се случува меѓу Кејт и Вилијам? (ВИДЕО) - Канал 5

Чудна реакција пред камери- Што се случува меѓу Кејт и Вилијам? (ВИДЕО)

Токму кога се намалија тензиите во британското кралско семејство, реакцијата на војвотката Кејт на допир на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам предизвика нови озборувања.

Чудна реакција пред камери- Што се случува меѓу Кејт и Вилијам? (ВИДЕО)

Кејт и Вилијам гостувале на БиБиСи во специјалната емисија ,, A Berry Royal Christmas” , готвеле и дискутирале за празничните оброци со презентерката Мери Бери, но вниманието на публиката го привлече моментот кога Вилијам ја става раката на рамото на сопругата и таа едноставно се потргнува.

Иако и двајцата продолжија да се однесуваат како ништо да не се случило и Кејт не ја симна насмевката од лицето, гледачите коментираа дека станува збор за многу засрамувачки момент. Некои дури и посочија дека треба да го скратат тој момент пред објавувањето.

„Колку брзо се оттргна“, „Колку е засрамувачко“, „Што се случи, за жал“, „Непријатно, многу засрамувачко. Требаше да го скратат“, „Непријатноoooo“ беа некои од коментарите.

Некои, сепак, ја зазедоа страната на Кејт, тврдејќи дека таа едноставно постапила професионално пред камерите.

„Ми се допаѓа како реагираше. Професионална е. Не сакам да ги гледам како се држат за раце или се гушкаат. Тоа би било засрамувачко, тоа се нивни приватни работи“, коментира еден гледач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД

Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули .

Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД

Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули и во моментов е најголемиот познат донатор на кампањата за среднорочните избори, потврди Ендру Ромео, портпарол на организацијата преку која Маск врши политички донации.

Донациите на Маск се во спротивност со неговата претходна најава дека ќе го намали политичкиот ангажман и придонесите за политички каузи, објавува АП.

„Мислам дека направив доволно“, рече Маск во мај минатата година, осврнувајќи се на неговата улога во претседателската кампања во 2024 година, кога учествуваше на изборни митинзи со сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Во текот на првите месеци од вториот мандат на Трамп, Маск го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE), но подоцна влезе во конфликт со Трамп и поднесе оставка. Двајцата оттогаш се помирија.

Републиканците имаат значителна финансиска предност пред демократите на овогодишните среднорочни избори, но се соочуваат со можноста за загуби поради незадоволството на гласачите и лошите резултати на претседателот Трамп во анкетите за јавното мислење. Богатството на Маск флуктуираше оваа година, во зависност од движењата на цените на акциите, и се проценува на околу 1 трилион долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер