Чуден сигнал од вселената е снимен 1.800 пати за два месеца, научниците збунети - Канал 5

Чуден сигнал од вселената е снимен 1.800 пати за два месеца, научниците збунети

Неодамна откриениот радио сигнал од вселената уште еднаш го предизвика чудењето за мистериозниот феномен на брзи радио рафали (FRB).

Чуден сигнал од вселената е снимен 1.800 пати за два месеца, научниците збунети

Имено, повторливиот FRB кој бил откриен минатата година звучел неверојатни 1.863 пати во текот на 82 часа од вкупно 91 час набљудување. Ова донекаде хиперактивно однесување на мистериозниот сигнал од вселената им овозможило на научниците да откријат од која галаксија доаѓа и кој е нејзиниот можен извор.

Што всушност се брзите изливи на радио бранови и зошто тие толку многу ги фасцинираат научниците? FRB се една од најфасцинантните мистерии во универзумот. Ова се екстремно моќни сигнали, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони сонца и траат помалку од секунда.

Една од најважните карактеристики на FRB е тоа што тие се краткотрајни и непредвидливи. Обично се појавуваат ненадејно на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.

Повторливите FRB, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку последователни, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на астрономите. Некои од повторливите FRB се јавуваат периодично, во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци. Досега се откриени само неколку од нив.

FRB 20201124A е откриен од експерти во Кина со помош на сферичен радио телескоп со отвор од петстотини метри (FAST). Научниците веруваат дека овие мистериозни сигнали се предизвикани од магнетари, неутронски ѕвезди со исклучително силни магнетни полиња.

Неутронските ѕвезди се јадра на масивни ѕвезди кои го достигнале крајот на својот животен век и го исфрлиле најголемиот дел од нивниот материјал во вселената. Останатите јадра се сè уште помасивни од Сонцето (најчесто меѓу 1,38 и 2,1 соларна маса).

Пулсарите се неутронски ѕвезди кои се вртат многу брзо околу својата оска и емитуваат радио емисии од нивните полови, така што нивниот сигнал се чини дека пулсира (начинот на кој сигналот допира до нас може да се спореди со светлината на светилник).

Но, ако FRB 20201124A доаѓа од магнетар, тогаш тоа е многу чуден пример на неутронска ѕвезда.

„Овие набљудувања некако нè вратија на почетокот. Се чини дека FRB се помистериозни отколку што се мислеше. Потребни се повеќе набљудувања со повеќе бранови должини за понатамошно разоткривање на природата на овие објекти“, рече астрофизичарот од Универзитетот во Невада, Бинг Џанг..

На пример, силната поларизација укажува на силна магнетна средина, пишува Science Alert.

Врз основа на богатството на податоци собрани од FRB 20201124A, астрономите можеле да заклучат дека неговиот извор е магнетар. Но, имало нешто чудно. Начинот на кој поларизацијата се променила со текот на времето сугерира дека јачината на магнетното поле и густината на честичките околу магнетарот флуктуираат.

„Таква средина не се очекува за изолиран магнетар. Веројатно има нешто друго во близина на изворот на FRB, можеби бинарен придружник“, објасни Џанг.

Податоците сугерираат дека придружник на магнетар може да биде жешка, сина ѕвезда која често се гледа покрај неутронските ѕвезди. Астрономот Фајин Ванг од Универзитетот Нанџинг во Кина обезбеди докази за оваа теорија во посебна студија.

Магнетарите брзо го согоруваат горивото и имаат краток век на траење. Бидејќи нивните животи се толку краткотрајни, научниците веруваат дека младите магнетари се наоѓаат во региони каде што ѕвездите сè уште често се формираат. Но, FRB 20201124A се наоѓа во галаксија која е многу слична на Млечниот Пат, односно во која не се формираат многу нови ѕвезди. Затоа, не треба да има многу нови ѕвезди во близина на хипотетичкото сино сонце.

Имајќи предвид дека сè повеќе FRB се наоѓаат во галаксиите кои, релативно кажано, не произведуваат голем број нови ѕвезди, експертите веруваат дека можеби ни недостасуваат некои важни информации за разбирањето на FRB од магнетарите и дека не разбираме целосно како се формирани и во каква средина се наоѓаат.

Истражувањето, насловено „A fast radio burst source at a complex magnetized site in a barred galaxy “,е објавено во списанието Nature.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер