Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
1Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
2По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
ТехнологијаЧуден феномен се појави на небото над Чиле, научниците верувале дека не е можно да постои(ФОТО)Светлосен феномен во форма на џиновска црвена медуза или чудни шилци е всушност форма на молња, односно електрично празнење кое често има црвеникава или портокалова боја - оттука и името црвен спрајт.Последната фотографија од овој необичен феномен е направена на небото над чилеанската пустина Атакама во близина на опсерваторијата Ла Сила на Европската јужна опсерваторија (ESO). За разлика од обичните молњи, црвените се појавуваат многу високо во мезосферата, некаде помеѓу 50 и 90 километри над облаците и имаат различни форми и типови на осветленост. Првите записи за овој феномен се појавиле во 1886 година, а првите снимки дури во 1989 година. Во различни општества со векови кружат народни приказни за мистериозните црвени светла на небото, кои експертите досега ги отфрлале, односно ги сметале за измислени настани. Дури и кога биле опишани од угледни пилоти или научници, научната заедница до неодамна го игнорирала постоењето на овој феномен, пишува Universe Today. Ставот се сменил дури во 1989 година, кога научниците од Универзитетот во Минесота ги направиле првите слики од црвените молњи. Иако ваквото необично електрично празнење во меѓувреме е снимено илјадници пати, тие исто така биле „фатени“ од астронаутите на Меѓународната вселенска станица, сепак црвените молњи се прилично редок небесен феномен. Имено, тешко се снимаат со камера бидејќи обично траат само неколку милисекунди и често не се забележуваат со голо око, туку само со специјални фотосензитивни камери. Некои црвени молњи имаат облик на медуза и неодоливо потсетуваат на чуден вонземски брод. Останатите главно изгледаат како вертикални колони од црвено светло со пипала кои се стеснуваат надолу - како на оваа нова фотографија на ESO. Црвените молњи се појавуваат ниско на хоризонтот. Позадината на фотографијата направена од камерата на 3,6-метарскиот телескоп на ESO во Ла Сила покажува зелена нијанса на воздушен сјај. #WeatherWednesday An immense Jellyfish Sprite briefly appeared above a distant thunderstorm on July 2nd, 2020. Sprites are large electrical discharges associated with lightning strikes, and occur high above storms in the mesophere and lower ionosphere. Image credit: S Hummel. pic.twitter.com/RXkgVs1Gbu — McDonald Observatory (@mcdonaldobs) August 12, 2020 Овој сјај се јавува откако сончевата светлина ќе ги исфрли електроните од азот и кислород во земјината атмосфера во текот на денот, а ноќе овие електрони се рекомбинираат со атомите и молекулите, предизвикувајќи фасцинантен сјај. Зеленкастиот сјај може да се види само на многу темно небо каде што нема светлосно загадување, објаснува ЕСО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизДуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг. Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање. „Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата. Таа често зборува за врската со Косово Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче. За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаНиколоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - КичевоСо специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница. Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона. Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови. Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаПродолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, при една од полициските контроли не ја дал на увид лиценцата за работа, сведочеше денеска инспекторка од СВР Штип. Денеска продолжи судењето против 9те полициски службеници кои дале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. Таа како хаотична ја опиша сликата пред Пулс за време на акциските контроли, пристапот до објектот бил отежнат поради големиот број паркирани возила. -На барање на колегата Кузмановски кој таа вечер беше одговорен на акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов, лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и ќе ја донесе во понеделник. Ги има поднесено документите за обновување на лиценццата пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година,- - Деспина Симеонова – Инспектор во СВР Штип. И сега пензиониран полициски службеник раскажа дека при конттроли во Пулс во периодот на 2023 година регистрирале повеќе нарушувања на јавниот ред и мир. Со денешните сведоци се исцрпува листата на докази на обвинителството. -Секоја една информација дадена од нивна страна по однос на поставени прашања има значење за она што се наведува во обвинението како терет на присутните обвинети. – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК. Адвокатот на првообвинетиот и денеска реагираше дека иако побарале од институциите се уште не им даваат клучни докази кои треба да бидат дел од нивната одбрана. -Имавме барање до СВР Штип да се издаде и пронајде оригиналниот документ кој го имаше во фаза на истрага во претходната постапка, а сега го нема. Не знаеме од кои мотиви го крие тој доказ,- Емил Недков – Адвокат. Во овој предмет 9те полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За едниот случај со 3 полициски службеници е изречена условна пресуда а се уште е во тек судската постпка против 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во Пулс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook