Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
1Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
ТехнологијаЧовековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот ЧарлсЧовековидниот робот опремен со вештачка интелигенција, „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс III. Оваа слика се нарекува „Крал на алгоритми“ и е презентирана како дел од самитот „Вештачката интелигенција за добро“, спроведен од Обединетите нации во Женева, Швајцарија. Роботот „Аи-Да“ е именуван по британската математичарка и пионерка на компјутерите, Ада Лавлејс. Создаден е во 2019 година и беше претставен на Универзитетот Оксфорд. Создавачот, пак, е британскиот трговец со уметнички дела и сопственик на уметничката галерија, Ејдан Мелер. Роботот е развиен во Велика Британија од тим инженери и програмери, а користи напредни ВИ-алгоритми, роботски раце и камери за да ги создава уметничките дела. „Моето присуство овде го одразува заедничкото патување во нови облици на изразување и прашањата што тие ги покренуваат во идентитетот, авторството и суштината на уметноста. Привилегија е да бидам дел од овој извонреден настан во ОН, опкружен со оние кои ја обликуваат иднината на технологијата и културата“, соопшти роботот. За платинестиот јубилеј во 2022 година, роботот „Аи-Да“ наслика портрет и на покојната кралица Елизабета II, што беше воедно и првиот портрет на член на кралското семејство насликан од човековиден робот. „Претставувањето на мојот портрет на кралот Чарлс III не е само креативен чин, туку и изјава за еволутивната улога на ВИ во нашето општество и размислување за тоа како ВИ го обликува културниот пејзаж. Клучната вредност на мојата работа е во својството да послужи како катализатор за дијалог за новите технологии“, додаде роботот. Минатата година, ВИ-портрет на американскиот математичар Алан Тјуринг беше првотo ВИ-уметничко продаден на аукција, достигнувајќи понуда од повеќе од милион долари. Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЕвропаГерманските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“. Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина. Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијатаТој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина. Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“. Не зборува италијански „Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања. Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна. Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат. Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор. „Целиот случај е необичен“ „Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт. Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки. „Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник. Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат. „Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.Тагови: куфер пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното мореТурските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи. Тагови: Мраморното море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter