Човек во Њу Џерси паднал врз автомобил, станал и ги прашувал минувачите: „Што се случи?“ - Канал 5

Човек во Њу Џерси паднал врз автомобил, станал и ги прашувал минувачите: „Што се случи?“

Кристина Смит (21) се движела по улицата Њу Џерси на 6 октомври околу 22 часот. Одеднаш, маж од висока зграда паднал врз автомобилот марка БМВ.

Човек во Њу Џерси паднал врз автомобил, станал и ги прашувал минувачите: „Што се случи?“

„Одеднаш слушнав страшен „бум“. Звучеше како експлозија. А потоа започна врескање. Тоа беше човек, целата рака му беше крвава. Викаше: Што се случи?“, изјавила Смит, пишува 24sata.hr.

"Мислев, фала му на Бога, тој е жив, веројатно му помогна тоа што имаше дебела јакна. Можеби тоа го заштити од подлабоки рани", изјавила Смит.

Таа повикала брза помош, а мажот бил пренесен во болница во тешка состојба.

Несреќниот човек не работел во зградата и не било јасно што прави таму, велат работниците и сведоците. Тој одбил да им го даде името на полицајците.

"Тој влезе во автомобилот преку покривот, потоа излезе од автомобилот и падна на земја. Се обидуваше да стане а луѓето се обидуваа да го натераат да остане долу додека не пристигне брзата помош", изјавил Марк Бордо (50). кој работи во зградата.

"Така тој остана таму додека не дојде полиција и брза помош. Раката му беше скршена, но тој беше свесен", изјавил Бордо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

Кривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнерка

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.

По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.

При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски.

Како еден премиер да брка и да затвора?

Како еден премиер да гони?

Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски.

Тој повеќе ниту се крие.

Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака.

Премиерот не е обвинител.

Премиерот не е судија.

Премиерот не е полициски инспектор.

Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат.

Тоа значи само едно:

Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола.

Правдата е селективна.

Институциите се инструмент на политичка волја.

Кога сакаат – гонат.

Кога сакаат – се оградуваат.

Кога сакаат – пуштаат, затвораат.

Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа.

СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Премиерот не смее да гони и да апси.

Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер