Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
2Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
ЖивотЧовечки коски и тајни скулптури кријат езерата (ВИДЕО)Често се чини дека морињата и океаните кријат некоја мистерија.Но, овие примери докажуваат дека дури и езерата не се толку питоми како што изгледаат. Известувачите на Bored Pandа пронајдоа примери на тајни од дното на езерата, од кои некои се навистина страшни. На дното на езерото Мичиген, пишуваат тие, е најдена мермерна статуа на распнатиот Исус висока околу четири метри. Статуата е направена во Италија во 1956 година по налог на семејство кое во трагична несреќа го изгубило 15-годишниот син. Статуата била толку оштетена за време на транспортот што не сакале да ја земат, па ја купила нуркачка екипа која ја турнала во езерото како споменик на сите починати нуркачи. Во септември 2013 година, два 'рѓосани автомобили биле пронајдени на дното на езерото Фос во Оклахома, САД. Испаднаало дека во нив се телата на тројца тинејџери (Џими Ален Вилијамс, Лиа Гејл Џонсон и Томас Мајкл Рос) кои исчезнале во 1970 година и тела на тројца возрасни (Џон Алве Портер, Клебурн Хамак и Нора Мари Данкан) кои исчезнале во истиот период. Форензичарите утврдиле дека сите шест лица починале од давење и објавија дека нивната смрт е резултат на несреќа. Во 2007 година, Марк Холви, професор по подводна археологија на Универзитетот во Мичиген, откри камења распоредени во круг, околу 12 стапки под површината на езерото Мичиген. Камењата биле распоредени во должина од приближно километар и половина и формирале скоро совршен круг. Се верува дека се стари околу 10 илјади години. Во 2015 година, еден нуркач во реката Колорадо, недалеку од границата на Аризона и Калифорнија, нашол нешто што го исплаши. Околу 12 стапки под површината, тој наишол на, за што верувало, два човечки скелети. Тој веднаш пријавил сè кај шерифот, а кога полицискиот нуркач слегол да погледне, сфатил дека станува збор за пластични скелети. View this post on Instagram #tb #2012 #roopkund part3/4 #himalayas #mountains #nature #bike #mtb #downhill #freeride #adventure #bones #skull #bikepacking #camping @hansnowayrey @richieschley @joschaforstreuter @mesumverma @adidas A post shared by Action-Shot.tv (@action_shot.tv) on Oct 12, 2018 at 12:09am PDT Езерото Рупкунд, сместено високо на Хималаите, е замрзнато скоро цела година, но за кратко време кога мразот се стопил, езерото и областа околу него се полни со човечки коски. Околу двесте скелети биле откриени од шумските чувар во оваа инаку ненаселена област во 1942 година, а дури во 2004 година била решена мистеријата за нивната смрт. Тогаш се докажало дека скелетите датираат од IX век и се претпоставува дека се работи за аџии. Бидејќи на секое тело е пронајдена скоро идентична рана на тап предмет во пределот на черепот и рамото, научниците заклучиле дека раните биле предизвикани од тркалезни предмети што доаѓале одозгора, па многу е веројатно дека несреќните аџии биле убиени од ненадејна бура за време на која загинале од големи парчиња град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook