Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
2Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
ЗабаваЧоревски: „Во студентските денови испивме „Опел рекорд” за 1 вечер”„Јас не можам ништо да изглумам. Ако глумецот глуми тогаш не е глумец.”Минатата недела (25.07.2021) во нашата емисија „G Carpet” ни гостуваше Благоја Чоревски. Чоревски е познат македонски актер, режисер, општественик и државник. За неговата богата кариера говорат и многуте награди кои ги има освоено, а ние ќе ви го откриеме неговото вистинско лице и заедно со него ќе ѕирнеме во светот на актерите и во сите нивни игри зад кулисите. „За почеток морам да кажам дека кога е вашата емисија, јас дома не смеам да го сменам каналот, со мојата сопруга редовно ве пратиме” „Чоревски беше директор, актер и заменик министер. Која од овие професии би ја избришал од твојата биографија?” „Би ја избришал политиката. Јас мислев дека кога ќе отидам таму ќе ме прашаат нешто, бидејќи сум стручен за мојата област, но ништо од тоа не се случи и јас си дадов оставка.” „Јас сум пред се’ просто смртен човек кој има една убава мисија, да биде актер. Тоа ми дозволува да ги менувам карактер„ите и замислете сите тие карактери кои ги имам играно да станат мое его. Јас имам играно буквално се’. Јас секогаш се забавувам на сцена но има извесна граница до каде смееш да одиш. Никако не смееш да го заборавиш карактерот кој го играш, затоа имаме и проби. Тие почнуваат на маса, читачките, може да траат и до месец дена. Потоа почнува т.н. црн мизансцен – ајде почни тука, тргни, не, не, врати се и т.н. Секој актер во својот лик мора да ги пронајде и лошите и убавите страни.” „Од сите награди во животов најдрага ми е наградата кога во Битола, како малечок, ги земав најубавите черги. Во тоа време немаше теписи и теписони, јас тогаш земав нови черги. Јас, во нашиот двор во Битола, правев театар а во театарот се’ е убаво и не може да се стават стари, искинати черги. Доаѓаа сите деца, картата беше 2 денари и мене ми беа потребни нови черги. Така што најубавата награда која ја имам добиено во животов беа тие, нови черги.” „Во претставата „Женски оркестар” од 1991 година, бевме собрани 8 души, кој од кој подобар актер. Јас во тоа време бев директор на „Драмски театар” и се побунија мои колеги дека баш таа претстава го намалила нивото на театарот и дека треба да престане да се игра. Јас проверив за неполна година колку пари има донесено баш таа претстава во театарот и после тоа одлучив дека нема веќе да ја играме во Драмски. Почнавем со истата претства да гостуваме во театрите низ Македонија и за 1 година јас купив нова кола. Па видете вие кој изгуби во таа ситуација.” За својот однос со своите колеги Игор Џамбазов, Ѓокица Лукаревски, Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Владимир Ангеловски – Дади, вели дека отсекогаш бил многу коректен и како тим преубаво функционирале. Имало караници во врска со работата и сите биле големи љутковци но приватно сите биле големи пријатели. Најпрецизен и најодговорен од сите бил Игор Џамбазов иако тојвоедно е и најмал од сите нив. „Во уметноста ако постоиш 100%, 99% ќе носиш среќа некому. Ја имаш таа дарба, некому да му го смениш погледот кон светот. Уметноста е давања а ако е добра тогаш е и земање.” „Во студенстските денови јас живеев одлично, за една вечер продадовме и испивме „Опел рекорд”. Сега 30 години не пијам ама претходно толку многу пиевме што не можевме да станеме.“ „Јас не можам ништо да изглумам, за да изиуграш нешто како што треба ти мора да го доживееш тоа, а тоа не се глуми туку е реално. Ти реално го доживуваш тоа што го играш и затоа можеш и да ја убедиш публиката со твојот карактер и случувањата. Ако глумецот глуми тогаш не е глумец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.РЕАКЦИЈА НА СДС СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа. Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија. Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа.Објави и фотографии. Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат. Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЖивотЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту горивоЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту гориво, се шири непријатна миризба. Националната електроенергетска мрежа на Куба колабираше доцна во неделата, соопшти државната компанија за електрична енергија, оставајќи околу 10 милиони жители на островската земја во мрак. Компанијата „Унион електрика де Куба“ (Union Electrica de Cuba) не даде дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи X и Фејсбук, пренесува Ројтерс. Најновиот прекин во снабдувањето уследи по трите прекини на електричната енергија на национално ниво во текот на јули, во период кога се на сила американското ембарго за увоз на нафта и блокадата на застарената енергетска инфраструктура на Куба. Тас наведува дека дури и во луксузните населби на кубанската престолнина се шири непријатен мирис на скапана храна бидејќи фрижидерите во продавниците не можат да издржат долги периоди без електрична енергија, генераторите што одржуваат електрична енергија често откажуваат поради големо оптоварување, а горивото за нив во моментов е доста тешко да се набави во Куба. Огромни купишта ѓубре повторно се натрупаа на градските улици бидејќи нема доволно гориво за движење на камионите за ѓубре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter