РецептиЧорбест гравТрадиционалниот чорбест грав е едно од омилените јадења во македонската кујна – топол, заситувачки и полн со вкус. Совршен е за семеен ручек, особено во постудените денови, кога мирисот на запршката и ловоровиот лист го исполнува домот. Состојки (за 4–6 лица): 500 грама грав 2 главици кромид 1 чешне лук 1 домат 2 свежи пиперки 1 китка свеж магдонос / нане 2–4 моркови Црн бибер по вкус 1 полна лажица црвена пипер 3–5 ловорови листови Околу 50 мл масло Сол по вкус Подготовка: Гравот измијте го и оставете го да кисне 3–4 часа или преку ноќ. Потоа повторно исплакнете го и ставете го да се вари на тивок оган. По првото зовривање, исфрлете ја водата и налејте чиста топла вода. Додадете ги пиперките цели (исчистени од дршката и семето) и ловоровиот лист. Варете околу 1 час или повеќе, во зависност од видот на гравот. Кога пиперките ќе се сварени извадете ги и исчистете ја лушпата, потоа вратете ги во гравот и посолете по вкус. Морковите исечете ги на коцки. Ставете ги во тава да се пропржат на масло заедно со крупно сечканиот кромид. Додадете го и лукот исечкан на парчиња. Доматот излупете го, ситно исечкајте го и додадете го во тавата. Додајте ја црвената пипер и мешајте постојано за да не загори. Потоа ставете 100–150 мл доматно пире и свежо мелен црн бибер. Кога смесата ќе се испржи и ќе добие убава румена боја турете ја во тенџерето со гравот. Се остава да зоврие и се трга настрана. За време на варењето не мешајте го гравот. По потреба додавајте топла вода и внимавајте на густината. Кога јадењето ќе биде готово и ќе го тргнете од оган, пред сервирање додајте ситно сечкан свеж магдонос или нане. Послужете го топол, со свеж леб и по желба со лута пиперка.Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook